Во првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси. Но ја најдоа плочата иставена на гробот. И кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус. И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки; тие се уплашија од страв и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Тој не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Галилеја, говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.“ И се сетија на Неговите зборови. Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други. А тие беа Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јаковова заедно со другите. Тие им го кажаа тоа на апостолите. И нивните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа. Но Петар стана и отиде бргу до гробот, па кога се наведна, го виде внатре само повојот. И се врати, чудејќи се сам во себе заради она што се случило.
Прочитај Лука 24
Слушај Лука 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 24:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа