Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 23:1-25

Лука 23:1-25 MK2006

И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат, и почнаа да Го обвинуваат, гово­реј­ќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава да­нок на царот, и вели за Себе дека е Тој Христос и Цар.“ Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“ Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава ви­на кај Овој Човек.“ Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по це­ла Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде. А Пилат, штом чу за Галилеја, за­праша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“ И кога разбра дека е Тој од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Еру­са­лим. Ирод, кога Го виде Исус, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него, и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не одговори. А првосвештениците и книжниците стоеја и непрекинато Го обвинуваа. Ирод, пак, со војниците свои, от­ка­ко Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак кај Пилат. Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто порано беа скарани меѓу себе. Пилат ги повика прво­свеш­те­ни­ци­те, управниците и народот, па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате; и Ирод исто така, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт; па затоа ќе го камшикувам и ќе Го пуш­там.“ А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник. Но сиот народ повика, говорејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“ Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство. Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исус. Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“ Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Не­го ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го камшикувам и ќе Го пуштам.“ Но сите постојано настојуваа со го­лем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на прво­свеш­тениците. И Пилат одлучи да го исполни нив­ното барање, па им го пушти затвореникот кој бе­ше во темница заради бунт и убиство, оној за кого молеа; и Исус им го пре­да­де на нивната волја.

Video for Лука 23:1-25