Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 23

23
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2.11-14; Мк 15,1-5; Јн 18,28-38)
1И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат, 2#20,20-26; 1 Цар 18,17; Дела 17,7; 24,5и почнаа да Го обвинуваат, гово­реј­ќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава да­нок на царот, и вели за Себе дека е Тој Христос и Цар.“ 3#22,70; Мт 2,2Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“ 4#23,14.22.41; Дела 3,13; 13,28; Јн 18,38; 19,4.6Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава ви­на кај Овој Човек.“ 5#4,44Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по це­ла Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде.
Исус пред Ирод
6А Пилат, штом чу за Галилеја, за­праша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“ 7#Мт 14,1И кога разбра дека е Тој од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Еру­са­лим. 8#9,9; Дела 4,27Ирод, кога Го виде Исус, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него, 9#Јн 19,9и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не одговори. 10А првосвештениците и книжниците стоеја и непрекинато Го обвинуваа. 11#Мк 15,17-20; Јн 19,2-3Ирод, пак, со војниците свои, от­ка­ко Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак кај Пилат. 12#Дела 4,27Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто порано беа скарани меѓу себе.
Исус осуден на смрт
(Мт 27,15-26; Мк 15,6-15; Јн 18,39–19,16)
13Пилат ги повика прво­свеш­те­ни­ци­те, управниците и народот, 14#23,4; Дела 28,18па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате; 15и Ирод исто така, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт; 16па затоа ќе го камшикувам и ќе Го пуш­там.“ 17А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник. 18#Дела 21,36Но сиот народ повика, говорејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“ 19Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство. 20#Дела 3,13Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исус. 21Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“ 22#Јн 21,17Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Не­го ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го камшикувам и ќе Го пуштам.“ 23Но сите постојано настојуваа со го­лем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на прво­свеш­тениците. 24И Пилат одлучи да го исполни нив­ното барање, 25па им го пушти затвореникот кој бе­ше во темница заради бунт и убиство, оној за кого молеа; и Исус им го пре­да­де на нивната волја.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Мк 15,21-32; Јн 19,17-27)
26 # 9,23; 14,27; Дела 2,10; 11,20 И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го ставија крстот, за да го но­си по Исус. 27#18,13; 23,48; Зах 12,10-14А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него. 28Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за сво­и­те деца; 29#11,27; 21,23; Ос 9,14; Мт 5,3зашто, ете, се приближуваат дено­вите кога ќе се рече: ‚Блазе на неплодните и на утробите што не родиле и на градите што не доеле!‘ 30#Ос 10,8; Откр 6,16Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас‘, и на ри­диштата, ‚покријте нѐ!‘ 31#3,9; 21,20-23; 1 Птр 4,17Зашто, кога ова го прават со зе­ле­ното дрво, што ќе биде тогаш со сувото?“ 32#22,37; Ис 53,12Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него. 33#Мк 10,37И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево. 34#12,10; Ис 53,12; Пс 22,19; Мт 5,44; Јн 19,24; Дела 3,17; 7,60; 1 Кор 2,8А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка. 35#Ис 49,7; Пс 22,7-8А народот стоеше и гледаше; се потсмеваа заедно со народот и прво­свештениците, велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Тој Христос, избраникот Божји!“ 36#Пс 69,21Исто така и војниците се подигруваа со Него; приближувајќи се, тие Му принесуваа оцет, 37#Пс 21,7; Мт 2,2и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!“ 38А над Него имаше натпис, напишан на грчки, латински и еврејски: „Овој е Царот Јудејски.“ 39Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себе Самиот и нас!“ 40А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден? 41#Мк 15,14Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според на­шите дела; но Тој ништо лошо не направил.“ 42#19,12; 1 Мојс 40,14; Мт 16,28И Му рече на Исус: „Сети се на ме­не, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“ 43#1 Мојс 2,8; 1 Сол 4,17; Откр 2,7А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“
Исусовата смрт
(Мт 27,45-56; Мк 15,33-41; Јн 19,28-30)
44 # 2 Мојс 10,22; Амос 8,9-10 А беше веќе околу шестиот час и настана мрак по целата земја, до деветтиот час; 45#2 Мојс 26,31-33; 36,35; Евр 9,8; 10,19-20и сонцето потемне, и за­весата на храмот се расцепи преку средината. 46#2,49; 22,42; Пс 31,6; Дела 7,59А Исус извика гласно и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!“ И штом го рече тоа, издивна. 47#5,1-7; Дела 3,14Стотникот, пак, кога виде што ста­на, Го прослави Бога и рече: „Навис­ти­на Овој Човек бил праведник!“ 48#18,13; 23,27И сиот народ што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше удирајќи се в гради. 49#8,2; 23,55; 24,10; Пс 38,11; 88,9А сите Негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја, стоеја по­да­леку и го гледаа тоа.
Исусовиот погреб
(Мт 27,57-61; Мк 15,42-47; Јн 19,38-42)
50А ете, се најде и човек по име Јосиф, член на советот, добар и праведен човек. 51#2,25.38Тој не ја одобри одлуката на советот и делата нивни. Беше од јудејскиот град Ариматеја. А и самиот го оче­ку­ва­ше царството Божјо. 52Па така тој отиде кај Пилат и го из­моли телото Исусово; 53#19,30па Го симна и обви во платно, Го положи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен. 54#5 Мојс 21,23Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше. 55По него одеа и жените, што беа дошле со Исус од Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово. 56#2 Мојс 12,16; 20,10; 5 Мојс 5,14; Мк 16,1А потоа се вратија, приготвија ми­риси и миро, а во саботата одмараа спо­ред заповедта.

Селектирано:

Лука 23: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се