Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха; а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот. И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, кој беше вброен меѓу Дванаесетте. И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде. Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници. Тој вети и бараше згоден час, да им Го предаде без знаење на народот. Дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне; па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пасха, за да јадеме!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“ Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе, и кажете му на домаќинот од куќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘ И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“ Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата. А кога дојде времето, Тој седна на трпезата заедно со апостолите. И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа пасхална вечера со вас, пред да пострадам; зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, додека не се исполни во царството Божјо.“
Прочитај Лука 22
Слушај Лука 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 22:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа