Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 20:27-40

Лука 20:27-40 MK2006

Тогаш пристапија некои од са­ду­ке­ите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена и да го подигне потомството на својот брат. Си беа седум браќа. Првиот, откако се ожени, умре без деца. Жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца. Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца. По сите нив, умре и жената. При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?“ Им одговори Исус и рече: „Си­новите од овој свет се женат и мажат; но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; всушност, тие веќе не можат да ум­рат, затоа што се еднакви со ангелите, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји. А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов. А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“ На тоа, некои од книжниците, ре­коа: „Учителе, добро рече!“ И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат.