Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:33-38

Лука 2:33-38 MK2006

А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Ко­го ќе се говори. А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“ Таму беше и пророчицата Ана, ќер­ката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое. Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддале­чу­ва­ше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе. Во тој час пристапи и таа и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што очекуваа избавување на Ерусалим.

Video for Лука 2:33-38

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 2:33-38