Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:25-33

Лука 2:25-33 MK2006

А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него. Нему Светиот Дух му беше про­ре­кол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов. И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според За­ко­нот, тој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасение­то Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на нез­на­бош­ците и слава на Твојот народ, Израел.“ А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него.