А кога одеше за Ерусалим, Тој поминуваше меѓу Самарија и Галилеја. Кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку, па со силен глас повикаа: „Исусе Учителе, смилувај се!“ Штом ги виде, им рече: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ И тие, уште додека одеа, се очистија. А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати и Го прослави Бога гласно; и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин. Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се излекуваа десетмина? Каде се другите девет? Зарем не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“ И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“
Прочитај Лука 17
Слушај Лука 17
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 17:11-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа