Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15:1-10

Лука 15:1-10 MK2006

Се приближуваа кон Него сите цариници и грешници за да Го слушаат. А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“ Но Исус им ја кажа оваа парабола и рече: „Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги ос­тави останатите деведесет и девет во пустината и нема да оди да ја бара за­гу­бената, сѐ додека не ја најде? А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен; и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата загубена овца!‘ Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од каење. Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде? А штом ќе ја најде, ќе повика прија­тели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘ Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.“