Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 13:10-17

Лука 13:10-17 MK2006

Во една од синагогите Тој поу­чу­ва­ше во сабота. И ете, дојде една жена која беше об­земена од дух што ѝ предизвикува­ше немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи; штом ја виде Исус, ја повика и ѝ ре­че: „Жено, ослободена си од болеста своја.“ И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. А началникот на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; то­гаш доаѓајте и лекувајте се, а не во са­бо­та!“ Но Господ му одговори и рече: „Ли­цемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Авраамова, што ја вр­зал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“ И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот на­род се радуваше за сите славни дела из­вршени од Него.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност