Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:46-56

Лука 1:46-56 MK2006

И рече Марија: „Мојата душа Го ве­лича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, зашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите по­ко­ле­нија; зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име; и милоста Негова е од колено на ко­лено за оние што се бојат од Него. Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои; ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените; гладните ги исполни со добра, а бо­гатите ги отпушти празни; го прифати Израел, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, како што им зборуваше на тат­ков­ците наши, на Авраам и на семето негово довека.“ И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.

Video for Лука 1:46-56

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 1:46-56