Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:36-56

Лука 1:36-56 MK2006

Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; зашто кај Бога ниеден збор не оста­нува невозможен.“ Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според збо­ровите твои!“ И ангелот си отиде од неа. А Марија стана во тие дни и поита во ридскиот крај, во градот Јудин; па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. Штом го слушна Елисавета поздра­вот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, па извика гласно и рече: „Бла­го­сло­вена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја. И блажена е таа која поверува, заш­то ќе се исполни она, што ѝ рекол Гос­под.“ И рече Марија: „Мојата душа Го ве­лича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, зашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите по­ко­ле­нија; зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име; и милоста Негова е од колено на ко­лено за оние што се бојат од Него. Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои; ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените; гладните ги исполни со добра, а бо­гатите ги отпушти празни; го прифати Израел, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, како што им зборуваше на тат­ков­ците наши, на Авраам и на семето негово довека.“ И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.

Video for Лука 1:36-56

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 1:36-56