А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“ А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус.
Прочитај Лука 1
Слушај Лука 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 1:26-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа