Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:11-17

Лука 1:11-17 MK2006

Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде. Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е ус­ли­шена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото ра­ѓање. Зашто тој ќе биде голем пред Гос­под и нема да пие вино ни жесток пи­ја­лак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; и многу Израелови синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорни­те кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност