Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 9

9
Стапување на должност на Арон и на неговите синови
1 # Ез 43,27 А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старе­шините израелски, 2па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ. 3И на старешините израелски кажи им: земете козел за жртва за грев, и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица, 4#2 Мојс 32,6а и теле, и овен за принесување жрт­ва за мир пред Господ, и лебен принос измешан со масло, бидејќи денес ќе ви се јави Господ вам.“ 5Зедоа сѐ како што им заповеда Мој­сеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на собранието; се собра целиот на­род, па застана пред Господ. 6#2 Мојс 16,7; 24,16Им рече Мојсеј: „Еве што заповеда Господ да направите, и ќе ви се покаже славата Господова.“ 7#Евр 5,1; 7,27Му рече Мојсеј на Арон: „Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, очисти се себеси и народот и принеси жртва за народот и очисти ги, како што заповеда Господ.“ 8Тогаш пристапи Арон до жртве­никот и закла теле за него, како жртва за грев, 9#Ез 43,20и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крвта и стави од неа на роговите од жртвеникот, а остатокот од крвта го излеа во подножјето на жртвеникот; 10лојот и обата бубрега, и кошулката на црниот дроб, ги изгоре врз жртве­никот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј; 11месото, пак, и кожата ги изгоре над­вор од логорот. 12Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој го попрска жртвеникот од сите страни; 13му ја донесоа и жртвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгоре на жртвеникот, 14а утробата и нозете ги изми, и ги изгоре врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица. 15Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, и го принесе како жртва за грев како и првиот. 16И принесе жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба. 17А принесе и лебен принос и ги на­полни рацете со него, и го изгоре на жртвеникот, врз утринската жртва се­па­леница. 18Ги закла и волот и овенот што беа од народот, како жртва за мир; и си­новите Аронови му ја принесоа крвта нивна, и тој го полеа со неа жртвеникот од сите страни; 19му го дадоа и лојот од волот и опаш­ката од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, како и кошулката од црниот дроб, 20па го ставија лојот врз градите, и тој го изгоре лојот врз жртвеникот; 21градите, пак, и десната плешка ги принесе Арон нишајќи ги пред Господ, како што му заповеда Господ на Мојсеј. 22#1 Мојс 48,20; 2 Мојс 39,43; 2 Сам 6,18; Лк 24,50Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа сле­зе, откако принесе жртва за грев, жртва сепаленица и жртва за мир. 23#2 Мојс 24,16; 1 Цар 8,10-11; 2 Лет 7,1-3А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на собранието, па излегоа и го благословија народот и им се јави славата Господова на сите луѓе: 24#2 Мојс 19,18; Суд 6,21; 13,20; 1 Цар 18,39и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.

Селектирано:

Левитска 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се