Пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на синовите израелски, и речи им: кој принесува жртва за мир пред Господ, нека принесува дел од жртвата како принос на Господ. Со свои раце да принесува принос пред Господ; лојот со градите нека го принесува, нишајќи ги градите пред лицето Господово. А свештеникот нека го изгори лојот врз жртвеникот, додека, пак, градите да му припаднат на Арон и синовите негови. А десната плешка од жртвата за мир, давајте му ја на свештеникот, за да му биде како дел. На свештеникот, пак, од синовите Аронови, што ги принесува крвта и лојот од жртвата за мир, нека биде негова десната плешка. Зашто градите од жртвата за мир и плешките што се вознесуваат, ги земам од синовите израелски и му ги давам на свештеникот Арон и на синовите негови како вечно озаконет дел од синовите израелски. Тоа ќе биде дел на Арон и на синовите негови од приносите пред Господ, од оној ден кога ќе застанат пред Господ како жртвоприносители, како што им заповеда Господ на синовите израелски да им се дава од денот кога ги помаза. Тоа е вечен закон за поколенијата нивни.
Прочитај Левитска 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Левитска 7:28-36
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа