Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 7:28-36

Левитска 7:28-36 MK2006

Пак му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: „Кажи им на синовите израелски, и речи им: кој принесува жртва за мир пред Господ, нека принесува дел од жртвата како принос на Господ. Со свои раце да принесува принос пред Господ; лојот со градите нека го принесува, нишајќи ги градите пред лицето Господово. А свештеникот нека го изгори лојот врз жртвеникот, додека, пак, градите да му припаднат на Арон и сино­вите негови. А десната плешка од жртвата за мир, давајте му ја на свештеникот, за да му биде како дел. На свештеникот, пак, од синовите Аронови, што ги принесува крвта и лојот од жртвата за мир, нека биде не­го­ва десната плешка. Зашто градите од жртвата за мир и плешките што се вознесуваат, ги земам од синовите израелски и му ги давам на свештеникот Арон и на синовите не­гови како вечно озаконет дел од синовите израелски. Тоа ќе биде дел на Арон и на синовите негови од приносите пред Господ, од оној ден кога ќе застанат пред Господ како жртвоприносители, како што им заповеда Господ на синовите израелски да им се дава од денот кога ги помаза. Тоа е вечен закон за поколенијата нивни.