Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 7:1-10

Левитска 7:1-10 MK2006

„Ова е законот за жртвата поради вина – тоа е најголема светиња. На она место, на кое се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за вина; а со крвта да се попрска жртвеникот од сите страни. А сиот лој нејзин да се принесе; опашката и лојот што ја покрива утробата, и двата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на црниот дроб нека ги извади заедно со бубре­зите, нека ги изгори свештеникот врз жрт­веникот како жртва за Господ; тоа е жртва поради вина. Секое машко од свештеничкиот род нека ја јаде; на свето место да се јаде; тоа е најголема светиња. Жртвата за вина е како жртвата за престап, еден закон е и за двете; таа му припаѓа на свештеникот, кој ослободува од гревот со помош на неа. А кога свештеникот принесува не­чија жртва сепаленица, кожата од жртвата што ја принесува негова нека биде. И секој лебен принос печен во печка или приготвен во подница или во тава, му припаѓа на оној свештеник што го принесува. А секој лебен принос приготвен со масло или без масло, им припаѓа на сите Аронови синови, подеднакво.