Ако, пак, принесува жртва на Господ од козите, нека ја претстави пред Господ, и нека ја стави раката своја врз главата нејзина, па нека ја заколе пред скинијата на собранието, а синовите Аронови нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни. Од неа нека Му го принесе на Господ како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа, и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по слабините, и кошулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели. А свештеникот нека го изгори врз жртвеникот; тоа е храна на огнот – благопријатен мирис на Господ; сиот лој е за Господ.
Прочитај Левитска 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Левитска 3:12-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа