Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 27

27
Што смее да се заветува и да се откупува
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#1 Мојс 28,20„Кажи им на синовите израелски и речи им: ако некој се заветува да ја посвети душата своја на Господ со цена, 3#2 Мојс 30,13цената за маж од дваесет до шеесет години да биде педесет сребрени шекели, според свештениот шекел. 4Ако е, пак, за жена, цената да биде триесет шекели. 5#1 Мојс 37,28За машко од пет до дваесет години цената да биде дваесет шекели, а за женско – десет шекели. 6#4 Мојс 3,47За машко, пак, од еден месец до пет години цената треба да изнесува пет сребрени шекели, а за женско – три сребрени шекели. 7За маж од шеесет години и нагоре цената ќе биде петнаесет сребрени шекели, а за жена – десет шекели. 8#5,7-11Ако е сиромав и нема да плати спо­ред цената своја, тогаш тој нека се претстави пред свештеникот, и свеш­теникот нека го процени: според состој­бата на оној, што се заветувал, така нека го процени свештеникот. 9#2 Мојс 40,9; 5 Мојс 15,19Ако е, пак, добиче од оние што Му се принесуваат како жртва на Господ, – сѐ што Му се принесува на Господ, е свето; 10да не се заменува доброто со лошо, или лошото со добро; ако некој замени добиче со добиче тогаш и добичето и неговата замена ќе бидат светиња. 11#4 Мојс 18,15Ако е тоа нечист добиток, што не се принесува како жртва на Господ, тој нека му биде претставен на свеште­ни­кот, 12и свештеникот да процени, дали е тој добар, или лош; како ќе го оцени свештеникот, така и нека биде; 13ако некој сака да го откупи, нека додаде кон цената уште една петина. 14Ако некој Му ја посветува на Господ куќата своја за светиња, свештеникот да ја процени, дали е таа добра, или лоша; како што ќе ја оцени свештеникот, така и да биде. 15Ако оној што ја посветил, побара да ја откупи куќата своја, нека приложи уште една петина во сребро кон цената нејзина, и тогаш таа нека биде негова. 16Ако некој Му посвети на Господ од имотот свој нива, процената треба да биде сразмерно со посеаното: за еден гомер посеан јачмен – педесет сребрени шекели. 17Ако некој ја посветува нивата своја од јубилејната година, тоа треба да биде според нејзината проценка. 18Ако некој ја посветува нивата своја по јубилејната година, свештеникот нека ја определи цената во сребро спо­ред годините што остануваат до идната јубилејна година, и за толку да ја на­мали цената. 19Ако оној, што ја посветил нивата своја, побара да ја откупи, нека додаде уште една петина во сребро кон цената нејзина, и таа нека биде негова. 20Ако, пак, тој не ја откупи нивата своја и нивата биде продадена на друг човек, тој веќе не може да ја откупи; 21#27,28; 4 Мојс 18,14; Ез 44,29таа нива, откако ќе биде ослободена во јубилејната година, нека Му биде посветена на Господ како боговетена земја и да биде за свештеникот. 22Ако некој Му посвети на Господ купена нива, која не е под нивите на имотот негов, 23свештеникот нека ја определи цената нејзина до јубилејната година, и тој да ја даде, според она како што е пре­сметано, во истиот ден, како светиња Гос­подова; 24а нивата во јубилејната година пак нека му се врати на оној, од кого била купена и кој владеел со таа земја. 25#2 Мојс 30,13.15; 4 Мојс 3,47; Ез 45,12Секоја проценка да се врши според свештениот шекел – дваесет гери да има во еден шекел.
Разни приноси
26 # 27,28-29; 2 Мојс 13,1-2; 13,11-16 А секое првородено што ќе се роди меѓу добитокот твој, никој не може да го заветува: било од крупниот, било од ситниот добиток – тие се Господови. 27Ако, пак, добитокот е нечист, да се откупува според цената негова и да се додаде кон неа уште една петина; ако не се откупи, тогаш нека се продаде спо­ред неговата проценка. 28#4 Мојс 18,14А сѐ што човек Му ветува на Гос­под со клетва од она што го има – од човек до добиток или нива од имотот свој, да не се продава ниту да се откупува: секој завет со клетва е најсвета светиња Господова. 29#5 Мојс 7,26И секое човечко суштество, со хе­рем#27,29 Анатема кај древните Евреи. Сѐ што потпаѓало под таква анатема, било безмилосно уништувано. проколнато, не може да се откупи: тоа треба да се предаде на смрт. 30#4 Мојс 18,26; 5 Мојс 14,22; Мал 3,8; 2 Лет 31,6И секоја десетина од земјата: од зем­ните семиња и од плодовите на дрвјата, Му припаѓаат на Господ: тоа е све­тиња Господова; 31ако некој посака да ја откупи десетината своја, да додаде кон цената нејзина уште една петина. 32И секој десеток од крупниот и од ситниот добиток – сѐ десето што ќе помине под пастирски стап, треба да Му се посвети на Господ; 33и да не се гледа дали е добро или лошо, ниту да се заменува; ако некој го замени, тогаш тоа самото и неговата замена да бидат светиња – да не се отку­пуваат.“ 34#26,46; 2 Мојс 19,11; Дела 7,38Тоа се заповедите, што Господ им ги даде на синовите израелски преку Мој­сеј на планината Синај.

Селектирано:

Левитска 27: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се