Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 26

26
1 # 19,4; Ез 8,12 „Не правете ракотворни образи, ни делкани; и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се поклонувате, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог. 2#19,30; Ер 17,19-27; Ез 20,12-13Пазете ги Моите саботи и почиту­вај­те го Моето светилиште; Јас сум Гос­под.
Благослови
3 # 1 Мојс 26,5; 2 Мојс 24,8; 5 Мојс 6,17; 11,13 Ако постапувате според Моите по­велби и ги запазувате Моите наредби, и ги исполнувате, 4#5 Мојс 11,13-15; 28,1-14; Ез 34,26-27ќе ви давам дожд навреме, и земјата ќе го даде родот свој, и дрвјата полски ќе го дадат својот плод, 5#Ис 1,19; Амос 9,13и вршидбата ќе трае кај вас до гроздоберот, гроздоберот ќе трае до сеидбата, и ќе јадете свој леб до наситка и ќе живеете безбедно во вашата земја. 6#Ис 26,3; 54,13; Агеј 2,9; Пс 29,11; 37,11Ќе ѝ дадам мир на земјата; ќе спиете и никој нема да ве обеспокојува; ќе ги истребам лутите ѕверови од земјата и меч нема да помине по целата ваша земја. 7#5 Мојс 28,7Па ќе ги гоните непријателите ваши, и тие од меч ќе паднат убиени пред вас; 8#Ис.Н. 23,10; Суд 15,15; Ис 30,17; 1 Мојс 32,30петмина од вас ќе прогонуваат сто души, и сто од вас ќе прогонуваат десет илјади, и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас. 9#1 Мојс 1,22; 17,6; Неем 9,23Ќе погледнам благонаклоно на вас и ќе ве направам плодни, ќе ве умножам и ќе го зацврстам заветот Мој со вас. 10#25,21-23И ќе јадете од старото – ланското и старото ќе го исфрлите поради новото. 11#2 Мојс 25,8; 1 Сам 12,22; 1 Цар 6,13; Ез 37,27; Пс 74,7Ќе го поставам живеалиштето Мое меѓу вас, и душата Моја нема да се гнаси од вас. 12#5 Мојс 4,7-8; Ез 36,28; 37,27; Јн 1,14; 2 Кор 6,16; Откр 21,3Ќе се движам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ. 13#2 Мојс 6,7; Ис 10,27; Ер 2,20; 27,2; Ез 30,18; Ос 11,4Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја, за да не бидете нивни робови, и ги скршив стегите на јаремот ваш и ве изведов охрабрени.
Клетви
14 # 5 Мојс 28,15-68; Амос; 4,6-12; Дан 9,11 Ако, пак, не Ме слушате и не ги исполнувате овие Мои повелби, 15#1 Мојс 17,7и не им се покорувате, и ако душата ваша негодува од Моите закони, така што нема да ги исполнувате сите Мои заповеди, и го нарушите заветот Мој, – 16#Суд 6,3-6; 1 Сам 2,33; Ез 4,17; 24,23; Пс 78,33; 107,17; Јов 31,8тогаш и Јас ќе постапам со вас вака – ќе ви пратам офтика и врела треска, од кои ќе ослабат очите ваши и ќе се измачува душата ваша, и ќе сеете семе залудо, зашто непријателите ваши ќе го јадат. 17#Ис.Н. 7,4; 7,12; Суд 2,15; Ис 30,17; Ер 19,7; 21,7Ќе го свртам лицето Мое против вас и ќе паднете пред непријателите ваши; над вас ќе владеат непријателите ваши, и ќе бегате дури и кога никој не ве гони. 18#Ер 21,14; Амос 3,14; Пс 99,8Ако и покрај сето ова не Ме послушате, седумпати ќе ја зголемам казната за гревовите ваши; 19#Ис 16,6; Ер 13,9; 14,1-9; Ез 24,21; Пс 10,4ќе ја скршам вашата тврдоглавост, ќе го направам небото ваше како же­лезо, и земјата ваша како бакар; 20#5 Мојс 11,17; Ис 17,11; Ер 12,13; Агеј 1,6; Пс 127,1па залудо ќе се истоштува силата ваша, и земјата ваша нема да го дава својот плод, и дрвјата земни нема да ги раѓаат плодовите свои. 21#1 Мојс 4,15Ако, пак, и потоа тргнете настрана и не сакате да Ме слушате, ќе ви нанесам седумкратни удари поради гре­во­вите ваши; 22#1 Мојс 37,20; Ер 5,6; 42,2; Ез 5,17; 14,15ќе испратам против вас диви ѕве­рови, кои ќе ви ги одземат децата ваши, ќе го уништат добитокот ваш и ќе ве намалат, така што ќе се запустат патиштата ваши. 23#Ер 2,30; 5,3Ако и потоа не се поправите и тргнете против Мене, 24#2 Сам 22,27тогаш и Јас ќе тргнам против вас со јарост и ќе ве поразам седумкратно за гревовите ваши. 25#2 Мојс 5,3; 1 Цар 8,37; Ер 5,17; Ез 21,14-22И ќе испратам против вас одмаздувачки меч за одмазда поради заветот; ако, пак, избегате по градовите ваши, ќе испратам на вас помор и ќе бидете предадени во рацете на непријателот. 26#Ер 37,21; Ез 4,16; Ос 4,10; Пс 105,16Ќе оскудевате за леб; десет жени ќе го печат лебот ваш во една печка и ќе ви даваат леб со мерка; ќе јадете и нема да се наситите. 27Ако и покрај сево ова не Ме по­слушате и тргнете против Мене, 28#Суд 2,14; Ер 17,10; Пс 78,59; Јов 34,11и Јас ќе тргнам против вас со гнев и седумкратно ќе ве казнам за гревовите ваши, 29#Ер 19,9; Ез 5,10; Плач 2,20; 4,10и ќе ги јадете телата на синовите свои, и телата на ќерките ваши ќе ги јадете. 30#5 Мојс 12,2; 1 Сам 9,12; Ис 21,9; Ер 50,2; Ез 6,1-7; Амос 7,9; 2 Лет 14,4; 34,4Ќе ги разрушам жртвениците ваши, ќе ги разрушам ракотворните столбови ваши и ќе ги фрлам труповите ваши врз урнатините од идолите ваши, и душата Моја ќе се одврати од вас. 31#Ис 1,7; Ез 24,21; Амос 7,9; Неем 1,3Градовите ваши ќе ги претворам во пустина и ќе ги опустошам свети­лиш­тата ваши, и нема да примам благопријатен мирис од жртвите ваши. 32#1 Цар 9,8; Ис 5,6; Ер 9,11; 12,11; 2 Лет 29,8Ќе ја запустам земјата ваша, така што ќе се чудат над неа непријателите ваши, што ќе живеат во неа; 33#Ис 1,7; Ер 34,22; Ез 34,6вас, пак, ќе ве растурам меѓу народите и ќе направам да ве гонат со изва­ден меч; земјата ваша ќе биде пуста, и градовите ваши – разрушени. 34#Ер 7,34; 2 Лет 36,21Тогаш земјата ќе надомести за свои­те саботи преку сите денови, додека биде пуста; додека вие бидете во земјата на непријателите ваши, земјата ќе си почива и ќе надомести за своите саботи; 35таа ќе почива за сето време додека биде пуста, што не почиваше за сите саботи ваши кога живеевте во неа. 36#Ез 21,12А на оние од вас што ќе останат, ќе им всадам страв во срцата во земјата на непријателите нивни, па и шумот од развеан лист ќе ги плаши; ќе бегаат како од меч, и ќе паѓаат кога и никој не ги гони. 37И ќе се сопнуваат еден од друг како да бегаат од меч, иако никој не ги прогонува; не ќе имате сила да им се противставувате на непријателите ваши; 38#Ис 1,28; Ер 16,4; Јов 4,9; Пс 1,6ќе загинете меѓу народите, и ќе ве проголта земјата на непријателите ваши; 39#Ез 4,17а другите од вас ќе истлеат поради беззаконијата свои во земјите на непријателите ваши и поради беззаконијата на татковците ваши ќе исчезнат.
Бог ќе си спомне за Својот завет
40Тогаш ќе ги исповедаат беззаконијата свои и беззаконијата на татковците свои, признавајќи дека вршеа престапи против Мене и дека се дигнаа против Мене; 41#Ер 4,4; Дела 7,51поради што и Јас станав против нив и ги одведов во земјата на непријателите нивни; тогаш ќе биде пони­жено нивното необрезано срце, и тогаш ќе ја искупат својата неправедност. 42#1 Мојс 17,1-14; 26,3-4; Ез 16,60; Лк 1,72-73И Јас ќе си спомнам за заветот Мој со Јаков, и на заветот Мој со Исак, и на заветот Мој со Авраам, и на земјата ќе се сетам 43#Ис 40,2и земјата, напуштена од нив, ќе надомести за своите саботи, откако ќе биде испразнета од нив, и тие ќе ја добијат својата казна за беззаконијата свои, зашто ги презреа законите Мои и душата нивна се одврати од наредбите Мои. 44#5 Мојс 4,29-31; Плач; 3,22-23; 3,31-32; 5,21-22Но кога тие ќе бидат во земјата на непријателите свои, – Јас нема да ги презрам, и нема да се налутам на нив толку, за да ги истребам и да го раскинам Мојот завет со нив, зашто Јас сум Господ, нивниот Бог. 45#11,45; 22,33; 25,38Ќе се сетам, заради нив, на заветот со нивните предци, кои ги изведов од египетската земја пред очите на народите, за да им бидам Бог. Јас сум Гос­под.“ 46#2 Мојс 19,11Тоа се наредбите, заповедите и законот кои Господ ги воспостави меѓу Себе и синовите на Израел преку Мојсеј на планината Синај.

Селектирано:

Левитска 26: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се