Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 25:1-7

Левитска 25:1-7 MK2006

И му рече уште Господ на Мојсеј, на планината Синај, ве­лејќи: „Јави им на синовите на Израел и кажи им: кога ќе дојдете во земјата, што ви ја давам Јас, земјата што ви ја давам нека ја празнува саботата Гос­подова; шест години засејувај ја нивата своја и шест години режи го лозјето свое и прибирај ги плодовите нивни, а во седмата година е сабота за земјата – нека има одмор земјата; тоа е са­бота Господова: не ја сеј нивата своја и не го режи лозјето свое. Она што само ќе израсне на нивата твоја, не го жнеј, и грозјето од нере­жаните лози твои не собирај го: нека биде тоа година за починка на земјата. И за време на починката на земјата тоа нека биде храна за сите вас – за тебе и за твојот роб, за робинката твоја, за наемникот твој и за придојдениот, населен кај тебе; а за добитокот твој и за дивите жи­вотни што се на земјата твоја, тие пло­дови нека им бидат храна.