Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 16:20-34

Левитска 16:20-34 MK2006

Па, откако ќе ги очисти светилиш­тето, скинијата на собранието и жр­т­веникот, ќе го приведе живиот козел. Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите израелски, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустината; и козелот ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустината. Тогаш Арон да влезе во скинијата на собранието, да ги соблече ленените одежди, во кои беше облечен при влегувањето во светилиштето, и таму да ги остави, и да го измие телото свое со вода на свето место, да ги облече своите алишта, па, штом ќе излезе, да принесе една сепаленица за себеси и една за сиот народ, и ќе се очисти себеси и сиот народ. Лојот пак од жртвата за грев да го запали врз жртвеникот. А оној, кој ќе го одведе козелот за отпуштање, да ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода, и потоа може да влезе во населбата. А телето за грев и козелот за грев, чија крв се внесува во светилиштето за очистување, да ги изнесат надвор од населбата, и да ги изгорат на оган ко­жи­те нивни, месото нивно и нечистотиите нивни; оној, пак, што ќе ги пали, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода, и тогаш ќе може да влезе во населбата. И тоа да ви биде вечен закон: во седмиот месец, на десетиот ден од месецот, смирувајте ги душите ваши, и никакава работа да не вршите, ни вие, нити придојдените, населени меѓу вас, зашто во тој ден ве очистуваат, за да ве очистат од сите ваши гревови, и да бидете чисти пред лицето Господово; тоа да биде сабота над саботите; смирувајте ги душите ваши – тоа ќе биде вечен закон. Очистувањето да го извршува оној свештеник кој ќе биде помазан и пос­ветен да свештенодејствува место татко си: нека облекува ленена облека, облека света; и да ги очисти Светињата над светињите и скинијата на собранието, и жртвеникот да го очисти, и свеште­ни­ците, и сиот собран народ. Ова да биде за вас вечен закон: да се извршува обредот очистување над сино­вите израелски еднаш годишно поради сите нивни гревови.“ И тој направи та­ка, како што му заповеда Господ на Мојсеј.