Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 13

13
Болести на кожата кај луѓето
1 # 4 Мојс 12,10-15; 5 Мојс 24,8-9; Пс 38; Јов 2 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: 2#2 Мојс 4,6; 4 Мојс 5,2„Човек кај кого на кожата од телото негово се појави оток, или лишај, или светла дамка, или, пак, по кожата на телото негово се појави знак на лепра, нека се доведе кај свештеникот Арон, или кај некој од синовите негови, свеш­тениците. 3#4 Мојс 9,6И нека ја види свештеникот раната од кожата на телото негово; па, ако влакната на раната побелеле и раната на поглед е пониска од другата кожа на телото негово, тогаш тоа е лепра; и кога ќе го види тоа свештеникот, ќе го прогласи за нечист. 4#4 Мојс 12,14-15Ако, пак, дамката на кожата од телото негово е бела, и не е вдлабната во кожата, а и влакната на кожата се темни, не побелеле, тогаш свештеникот нека го затвори човекот со раната за седум дена. 5А во седмиот ден нека ја види свеш­теникот раната; ако забележи дека раната останала таква каква што била и не се раширила по кожата, пак нека го одвои за седум дена. 6#Мт 8,3; Лк 5,12-14Свештеникот одново нека ја види раната во седмиот ден, па ако забележи дека раната станала помала, а не се раширила по кожата, тогаш свеш­те­никот нека го прогласи за чист; тоа е лишај; нека ја испере облеката своја и ќе биде чист. 7#Лк 5,14Ако, пак, лишаите започнат да се шират по кожата негова, откако свеш­теникот ги видел и го прогласил за чист, одново нека му се покаже на свештеникот; 8и ако свештеникот види дека лиша­ите се шират по кожата, тогаш нека го прогласи за нечист; тоа е лепра. 9Кога човек има лепра, нека го доведат кај свештеникот. 10И свештеникот нека го види; ако струпот на кожата станал бел, а и влакната се побелени, а и живо месо има во струпот, 11#2 Мојс 4,6; 4 Мојс 12,10; Мт 8,2тоа е застарена лепра на кожата негова; затоа свештеникот нека го прогласи за нечист, и да го одвои, бидејќи е нечист. 12Кога лепрата ќе се појави на кожа­та и ќе ја прекрие целата кожа на човекот, од главата до нозете, колку што може да види свештеникот, 13па кога ќе види дека лепрата ја покрила целата кожа на него, ќе го прогласи човекот дека е чист, бидејќи сѐ побелело, па е чист. 14А кога ќе се појави на него живо месо, тој е нечист. 15Па, штом види свештеникот живо месо, ќе го прогласи дека е нечист; живото месо е нечисто, тоа е лепра. 16Ако живото месо се измени и по­бели, тогаш нека дојде кај свештеникот. 17Кога ќе види свештеникот дека раната побелела, ќе го прогласи за чист; чист е. 18#2 Мојс 9,9Ако кај некого на кожата имало чир, па поминал, 19а потоа на местото каде што бил чирот се појави бел оток, бела или црвена дамка, нека се покаже пред свеш­теникот. 20Ако свештеникот забележи дека таа е пониска од другата кожа и влакната на неа се побелени, тогаш ќе го прогласи за нечист; тоа е лепра што излегла од чирот. 21Ако свештеникот забележи дека влакната на неа не побелеле ниту е таа пониска од кожата, туку станала помала, тогаш свештеникот ќе го одвои за седум дена. 22Ако му се прошири по кожата, то­гаш свештеникот ќе објави дека е нечист; тоа е болест. 23А ако чирот остане на своето место и не се проширува, тогаш тоа е воспалена рана; затоа свештеникот ќе го прогласи за чист. 24Ако некој на кожата се изгорел со оган, па откако местото ќе заздрави, се појави бела или црвеникава или пробелена дамка, 25и види свештеникот дека влакната од кожата на тоа место побелеле и ако на поглед тоа место е пониско од кожата, тоа е лепра што се појавила од изгореното; затоа него свештеникот ќе го прогласи за нечист; тоа е рана од лепра. 26Ако, пак, свештеникот забележи де­ка на тоа место нема бели влакна и дека тоа не е пониско од другата кожа, и станало помало, ќе го одвои за седум дена. 27Во седмиот ден ќе го прегледа свештеникот, па, ако таа по кожата се проширила, нека го прогласи за нечист; тоа е рана од лепра. 28Ако, пак, дамката останала на своето место и не се проширила по кожата, а и темна е, тогаш тоа е рана од изгоретина. Него свештеникот нека го прогласи за чист; тоа е лузна од изго­рено. 29Кога кај маж или кај жена се појави рана на главата или на брадата, 30а свештеникот ја види раната, и утврди дека е таа подлабока од кожата и дека влакната на тоа место се истен­чиле и пожолтеле, нека ги прогласи за нечисти: тоа е ќела; тоа е лепра на главата или на брадата. 31Но кога свештеникот ќе ја прегледа раната од ќелата и ќе утврди дека таа не е подлабока од кожата и дека влакната на тоа место не се црни, тогаш болниот што има рана нека го одвои за седум дена. 32Во седмиот ден свештеникот пак нека ја прегледа раната. И ако ќелата не се проширила ниту влакната пожолтеле и се види дека таа не навлегла подлабоко од кожата, 33тој треба да ги истриже влакната на кожата, но на болното место да не се стриже и тогаш свештеникот повторно да го оддели за уште седум дена. 34Во седмиот ден свештеникот одново да ја прегледа ќелата. Па, ако увиди дека таа не се проширила по кожата и дека не навлегла подлабоко во кожата, болниот нека го прогласи за чист; а тој нека ја испере облеката своја и ќе биде чист. 35Но, ако ќелата се проширила по кожата, откако е веќе прогласен за чист, 36свештеникот пак нека го прегледа и ако утврди дека таа се проширила по кожата – тогаш нека не бара жолте­никави влакна, бидејќи тој е нечист. 37Ако, пак, ќелата остане неизменета и во неа изникнале црни влакна, тоа значи дека ќелата е излекувана: тој е чист. Свештеникот нека го прогласи за чист. 38Ако по кожата на телото на маж или жена се појават светли, бели дамки, 39и свештеникот види и утврди дека по кожата имаат бели светли дамки, тогаш тоа е лишај, кој се појавил на кожата од нивното тело. Тој е чист. 40#2 Цар 2,23; Ис 3,24; Ез 27,31; Амос 8,10; Мих 1,16Ако некому му паднала косата од главата, тој е ќелав – но чист е; 41ако, пак, некому му паднала косата само од предната страна на главата, тој е ќелав – чист е. 42Ако по ќелавото или проќелавото место се појавиле белузлави или црве­никави дамки, тоа е лепра на ќелавото, односно проќелавото место. 43Свештеникот да го прегледа, и ако види дека отокот на раната е белузлав или црвеникав по ќелавото или про­ќелавото место и изгледа како лепра по кожата на телото негово, 44тој е лепрозен, нечист; свештеникот да го прогласи за нечист: зашто на главата има рана. 45#Мих 3,7На лепрозниот, кој има таква рана, облеката да му се раскине, и главата да му биде откриена, да биде забраден околу устата и да извикува: ‚нечист, не­чист!‘ 46#4 Мојс 5,2; 2 Цар 15,5; Лк 17,12Сѐ додека ја има раната треба да се смета за нечист; тој е нечист и треба да живее одвоен; неговото живеалиште да биде надвор од населбата.
Дамки врз облеките
47Ако се јави зараза од лепра и на облеката – волнена или ленена 48или врз основата или јатокот ленен или волнен, или на кожа, или на нешто што е направено од кожа, 49#Мк 1,44и ако дамката е зеленикава или црвеникава на облеката или на кожата, или на основата или јатокот, или на каков и да било предмет од кожа – тоа е зараза од лепра; таа треба да му се по­каже на свештеникот, 50#Ез 44,23а свештеникот нека ја прегледа заразата и заразеното да го оддели за седум дена. 51На седмиот ден свештеникот нека го прегледа заразеното: па, ако заразата се проширила по облеката, или по основата, или по јатокот, или по кожата, или по каков и да било предмет од кожа, тоа е лоша лепра, нечиста рана. 52Тој треба да ја изгори облеката, било основата, било волнениот или ле­нениот јаток, или каков и да било предмет од кожа, на кој се појавила заразата, бидејќи тоа е вистинска лепра – на оган да се изгори. 53Ако свештеникот види дека заразата не се проширила по облеката или по основата или по јатокот, или по каков и да било предмет од кожа, 54нека нареди да се испере она на што има зараза, и повторно да го отстрани за уште седум дена. 55А ако по миењето свештеникот ви­ди дека заразеното не го изменило својот изглед, па дури и ако не се ра­ширило, тоа е нечисто: треба да се изгори на оган; тоа е изедено од лепра од опачината или од предната страна. 56Ако, пак, свештеникот види дека по перењето заразеното место станало помало, тогаш тој нека го истргне тоа место од облеката, или од кожата, или од основата, или од јатокот. 57Ако се појави пак белег од заразата што се проширила на облеката, или на основата, или на јатокот, или на каков и да било предмет од кожа, тоа е зараза: да се изгори на оган она на што се појавила заразата. 58Ако, пак, откако ќе се испере облеката или основата, или јатокот или каков и да било предмет од кожа, за­разата се загуби од нив, треба повторно да се исперат, и ќе бидат чисти. 59Тоа е законот за зараза од лепра врз облеката волнена или ленена, врз основа или јаток, или врз каков и да било кожен предмет – како да се прогласува тој за чист или за нечист.“

Селектирано:

Левитска 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се