Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 12

12
Очистување на жената по породувањето
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#15,19; Ез 18,6; 22,10„Кажи им на синовите Израелови и речи им: кога жената ќе забремени и роди машко дете, нечиста ќе биде седум дена, како во деновите на природното очистување свое, така ќе биде нечиста. 3#1 Мојс 17,10; Лк 1,59; 2,21; Јн 7,22; Фил 3,5А во осмиот ден нека му се обрезе на детето крајниот дел. 4А таа нека остане уште триесет и три дена чистејќи се од крвта; до ништо свето да не се допира и да не влегува во светилиштето сѐ додека не изминат деновите на нејзиното чистење. 5А ако роди женско дете, тогаш во времето на своето чистење нечиста ќе биде четиринаесет дена, и шеесет и шест дена нека остане, чистејќи се од крвта своја. 6#2 Мојс 29,38; 4 Мојс 6,12.14; Лк 2,22-38И кога ќе се навршат деновите на чистењето нејзино, заради синот или заради ќерката, нека донесе кај свеш­теникот пред скинијата на собранието едногодишно јагне за жртва сепаленица или млад гулаб или грлица како жртва поради грев. 7И тој нека ја принесе пред Господ и така ќе ја очисти од течењето на крвта нејзина. Тоа е закон за жената која ќе роди машко или женско дете. 8#5,7-13; 1 Мојс 15,9Ако не е во можност да донесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња, едното како жртва сепаленица, а другото поради жртва за грев; и ќе ја очисти од гревот нејзин свеш­теникот, и таа ќе биде чиста.“

Селектирано:

Левитска 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се