Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Левитска 10

10
Прописи во врска со жалост
1 # 2 Мојс 6,23; 24,1; 30,9; 4 Мојс 16,7; 17,2-5; Ис 6,6; Ез 8,11 Двајцата синови Аронови, Надав и Авиу, земајќи ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господ туѓ оган, иако тоа не им беше заповедал Господ. 2#1 Мојс 19,24; 38,7; 4 Мојс 11,1; 16,35; 2 Цар 1,10-14; Ис 29,6; Пс 106,18; Јов 1,16Тогаш излезе оган од Господ, и ги изгоре, и умреа пред Господ. 3#2 Мојс 19,22; 30,29; 4 Мојс 16,5; Ез 28,22И му рече Мојсеј на Арон: „Тоа е она што го рече Господ, велејќи, преку оние што ќе пристапуваат кон Мене ќе се осветам и пред целиот народ ќе се прославам.“ Арон, пак, молчеше. 4#2 Мојс 6,22; Дела 5,6Потоа Мојсеј ги повика Мисаил и Елцафан, синовите на Узиил, чичкото на Арон, и им рече: „Појдете и изнесете ги браќата ваши од светилиштево надвор од логоров.“ 5И тие пристапија и ги изнесоа во хитоните нивни надвор од логорот, како што рече Мојсеј. 6#2 Мојс 6,23; 4 Мојс 5,18; Ер 41,5; Ез 44,20Па му рече Мојсеј на Арон и на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Не откривајте ги вашите гла­ви, а и одеждите ваши да не ги раскину­вате, за да не умрете и Господ да не се разгневи на целиот народ; туку браќата ваши, целиот дом Израелов нека плаче за изгорените, кои Господ ги изгоре; 7#8,1-36; 2 Мојс 28,41и не излегувајте од дверите на ски­нијата на собранието, за да не загинете, зашто маслото за помазание на вас е од Господ.“ И направија според зборовите на Мојсеј.
Прописи во врска со алкохолни пијалаци
8И Господ му рече на Арон, велејќи: 9#1 Мојс 9,21; 4 Мојс 6,3; 15,5; 28,7; 5 Мојс 28,39; Суд 13,4; Ис 5,22; 22,13; 28,7; Ер 35,6; Ез 44,21-23; Лк 1,15„Вино и други алкохолни пијалаци да не пиете, ти и синовите твои, кога ќе влегувате во скинијата на собранието, за да не загинете, тоа нека ви биде вечен закон во поколенијата ваши: 10#1 Мојс 7,2; Ез 22,26за да можете да распознавате што е свето, а што не е; и што е чисто, а што не; 11#5 Мојс 17,10-11; 24,8; 25,1; Езд 7,25; 2 Лет 15,3учете ги синовите Израелови на си­те заповеди, што им ги кажа Господ преку Мојсеј.“
Прописи во врска со месото од жртвите
12 # 2 Мојс 29,41 Потоа Мојсеј му рече на Арон, и на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Земајте од лебниот принос што ќе преостане од приносите пред Господ и јадете го тоа кај жртвеникот, зашто тоа е најголема светиња. 13#10,9-10; Ез 42,13И јадете го тоа на свето место, бидејќи тоа е законски дел твој и законски дел на синовите твои од приносите пред Господ; зашто така ми е запо­ведано. 14#7,30-34; 4 Мојс 5,9А градите од жртвата што се ни­шаат и плешката што се принесува да ги јадете на чисто место, ти и ќерките твои, и домот твој со тебе, зашто со закон ти се даде тебе и на синовите твои дел од жртвите за мир, што ги принесуваат синовите на Израел. 15Плешката што се принесува и градите што се нишаат да се донесуваат заедно со лојот што се принесува, ни­шајќи ги пред Господ, и тоа да биде твое, и на децата твои, со тебе како вечен дел како што заповеда Господ.“ 16Потоа Мојсеј го побара козелот за жртва поради грев; но, тој веќе беше изгорен; затоа тој се разгневи на Елеазар и на Итамар, синовите Аро­нови и рече: 17#6,19; 2 Мојс 28,38; Ез 42,13„Зошто не јадевте на свето место? Бидејќи тоа е жртва поради грев што е најголема светиња; неа ви ја дава Господ вам да ја јадете, за да го ослободи целиот народ од грев и да стане чист пред Господ; 18и ете крвта нејзина не е внесена во светилиштето; а требаше да ја јадете на свето место, како што ви заповедав.“ 19Тогаш му рече Арон на Мојсеј: „Еве, тие денес принесоа жртва поради својот грев и жртва сепаленица пред Господ; и ми се случи ова. Ако јадам денес од жртвата за грев, ќе Му биде ли тоа угодно на Господ?“ 20Го чу тоа Мојсеј и го одобри.

Селектирано:

Левитска 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се