Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плачот 3:19-33

Плачот 3:19-33 MK2006

Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката. Душата моја постојано се сеќава на тоа и премалува во мене. Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам. Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара. Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господ. Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја. Сам ќе седи и ќе молчи, бидејќи Господ му го ставил бремето врз него. Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж. Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презаситување, бидејќи Господ не отфрла за навек. Пратил ли неволја, Тој и ќе се смилува според Својата голема милост. Зашто Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги ожалостува сино­вите човечки.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност