Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката. Душата моја постојано се сеќава на тоа и премалува во мене. Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам. Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара. Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господ. Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја.
Прочитај Плачот 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Плачот 3:19-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа