Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плачот 2

2
Тага поради пропаста на Јуда и на Ерусалим
1 # Ис 60,13; Пс 132,7 Како ја помрачи Господ во гневот Свој ќерката Сионова! Од небесата ја симна славата Израелова и не се потсети за подножјето на нозете Свои во денот на Својот гнев. 2#5 Мојс 28,52Господ ги сотре сите живеалишта на Јаков, не ги поштеди; ги разруши во јароста Своја сите тврдини на ќерката Јудина, ги кутна на земја, ги отфрли царството негово и кнезовите негови, како нечисти. 3#4,11Во жестокиот гнев Свој ги скрши сите рогови Израелови, ја повлече десницата Своја од непријателот и се разгори против Јаков како огнен пламен, кој проголтува сѐ наоколу; 4#Ер 21,5-6го затегна лакот Свој како непријател, ја управи десницата Своја како непријател и уби сѐ што е мило за очи­те; врз скинијата на ќерката Сионова ја излеа како оган јароста Своја. 5#Ис 29,2Господ стана како непријател, го истреби Израел, ги разори сите домови негови, ги разруши тврдините негови и умножи при ќерката Јудина тага и плач. 6#Ер 52,13; 2 Лет 36,19; Соф 3,3-4И ја сруши скинијата Своја како градина; го разори местото Свое во собранието, Господ направи на Сион да се забораваат празниците и саботите; и во Своето гневно негодување отфрли и цар и свештеник. 7#Ез 24,21Го отфрли Господ жртвеникот Свој, го одврати срцето Свое од светилиш­тето Свое, ги предаде на непријателите ѕидовите на дворците нивни; во домот Господов тие се развикаа како во празничен ден. 8#2 Цар 21,13; Ис 34,11Господ реши да ги разруши ѕидовите на ќерката Сионова, оптегна јаже, не ја одврати раката Своја од разрушувањето; ги сосипа надворешните тврдини, и ѕидовите беа заедно со нив разрушени. 9#5 Мојс 28,36; 2 Цар 25,7; 5 Мојс 4,6-8; Ез 7,26; Пс 74,9Портите нејзини во земја потонаа; Тој ги искрши и ги уништи резињата нивни; царот нејзин и кнезовите нејзини се меѓу незнабошците; Законот веќе не се чита, и пророците нејзини веќе не се удостојуваат со виденија од Господ. 10#3,28; Ис 47,5; Ер 6,26Старешините на ќерката Сионова седат на гола земја и молчат, си ги по­сипуваат со пепел главите свои, се пре­пашуваат со вреќиште; ги наведнале главите кон земјата девојките еруса­лимски. 11#1,13.20Ми отекоа од солзи очите мои, ут­робата ми се превртува, срцето ми се кине, зашто гине ќерката на мојот на­род, кога децата и доенчињата умираат од глад по плоштадите на Еру­салим. 12Умирајќи како ранети по градските улици, тие им велат на мајките свои: „Каде има жито и вино?“ и ги испуш­таат душите свои во мајчините прегратки. 13#Ер 30,12Што да ти кажам и со што да те споредам, ќерко ерусалимска? Што да ти направам, за да те утешам, девојко, ќерко Сионова? Зашто раната твоја е како море голема; кој може да те исцели? 14#Ер 5,31; 29,8; Ез 12,24; 13,6-23; 21,34; 22,28Пророците твои ти кажуваат работи неостварливи и лажни, не го откриваа твоето беззаконие, за да те од­вратат од твоето ропство, и искажуваа лажни откровенија, кои те доведоа до прогонство. 15#Ер 19,8; Мт 27,39Раце плескаат за тебе сите што минуваат по пат, си потсвирнуваат и си ги нишаат главите за ќерката еруса­лимска, па велат: „Ова е градот, што го нарекуваа совршенство на убавината, радост на целата земја?“ 16#Амос 5,18Ги отвориле устите на тебе сите непријатели твои, си потсвирнуваат и си крцкаат со забите свои, велејќи: „Го проголтавме, та само овој ден и го че­кавме ние, го дочекавме и го видовме!“ 17#5 Мојс 28,15Господ го изврши она, што беше определил, го исполни зборот Свој, из­речен во поранешните времиња, безми­лосно го разори и го предаде на непријателот, кој ликува над тебе, го крена високо рогот на твоите непријатели. 18#Ер 14,17Срцето нивно повикува кон Господ. Карпо на ќерката Сионова! Леј солзи дење и ноќе, не давај си мир, не затворај ги зениците на очите свои! 19#Ис 51,20Станувај, викај ноќе при почетокот на секоја стража; излевај го како вода срцето свое пред лицето на Господ; протегај ги кон Него рацете свои за душата на децата свои, кои умираат од глад по аглите на сите улици. 20#4,10; 3 Мојс 26,29; 5 Мојс 28,52-57; Ер 19,9; Ез 5,10„Погледај, Господи, и види: кому си му направил вака – жените да го јадат плодот свој – децата, од нив отхранети? Во светилиштето Господово да биваат убивани свештеник и пророк? 21Децата и старците лежат мртви по улиците; момите и момците мои паднаа од меч; Ти ги убиваше во денот на Твојот гнев, колеше безмилосно.“ 22#Ер 6,25; 20,3.10; Пс 31,13Како на празник ги повика сите мои ужаси, и во денот на гневот Господов никој не се спаси, никој не побегна; оние, што бев ги отхранила и одгледала, непријателот ми ги истреби.

Селектирано:

Плачот 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се