Плачот 1
1
Ерусалим тагува и моли за помош
1Како остана пуст градот, некогаш полн со народ! Стана како вдовица; некогаш голем меѓу народите; кнезот над областите сега плаќа данок. 2#1,9.19; 2,18; Ер 9,17; Пс 6,6; Ис 40,1; Пс 69,20; Ер 30,14; Јн 13,18Горко плаче ноќе, а солзите му паѓаат по образите. Од сите оние што го сакаа, сега нема никој да го утеши; сите негови пријатели го изневерија и му станаа непријатели. 3#Пс 116,3Поради беда и ропство Јуда се пресели; се насели меѓу незнабошци, и не најде спокој; сите што го гонеа, го притеснија. 4#Ер 14,2; Ис 3,26Патиштата на Сион тагуваат, зашто нема кој да оди на празник; сите негови порти запустеа; свештениците воздивнуваат, момите негови се нажалени, а и самиот е во тага! 5#5 Мојс 28,25; Пс 89,42Непријателите негови станаа господари; на противниците негови им е добро, бидејќи Господ испрати врз него страдања поради неговите бројни беззаконија; децата негови отидоа во ропство пред непријателот. 6#Ез 10,18; 11,22-23И отиде од ќерката Сионова сета нејзина слава; кнезовите нејзини се како елени, што не наоѓаат пасиште; обессилени, тие бегаат пред терачот. 7Се присетува Ерусалим во деновите на својата беда и на своите страдања за сите свои убавини, што ги имаше во поранешните дни, а сега, пак, народот падна од непријателска рака, и нема кој да му помогне; непријателите гледаат на него и се смеат на неговата пропаст. 8#1,17; Ис 47,3; Ез 16,37Тешко згреши Ерусалим, па затоа и стана одвратен; сите што го почитуваа, сега го гледаат со презир, зашто ја видоа голотијата негова; и тој самиот воздивнува и го крие своето лице. 9#5 Мојс 32,29; Ис 47,7; 1,2Нечистотија имаше по полите негови, но тој не помислуваше за својата иднина, па поради тоа многу се понизи и падна, и нема сега кој да го утеши. „Погледај, Господи, на мојата мака, зашто непријателот се возгордеа!“ 10#2 Цар 24,13; Ис 64,10; 5 Мојс 23,4; Ез 44,7-9; Дела 21,28Непријателот посегна по сѐ што му беше најдраго; и тој гледа како незнабошците влегуваат во неговото светилиште, оние, за кои си заповедал да не влегуваат во Твојот храм. 11#5 Мојс 28,51; Ер 52,6Сиот негов народ воздивнува, барајќи леб, ги дава своите скапоцени работи за храна – душата да ја поткрепи. „Погледај, Господи, и види колку сум презрен!“ 12#Дан 9,12; 12,1; Мт 24,21Нека не ве снајде ова сите вас, кои врвите по патот. Погледајте и видете – има ли болка каква што е мојата болка, која ме постигна, каква што Господ ја испрати врз мене во денот на Својот пламенен гнев? 13Тој испрати оган одозгора во коските мои, и огнот ги опфати; распосла мрежа за нозете мои, ме кутна ничкум, ме остави да тагувам секој ден. 14#5 Мојс 28,48; Ер 27,2Јаремот на беззаконијата мои го стегна со раката Своја; околу вратот ми ги обеси; силата ми ја одзеде; Господ ме предаде во раце, од кои не можам да се заштитам. 15#Ис 63,3; Јоил 4,13Сите јунаци од мојата средина Господ ги собори; свика против мене мнозина за да ги истреби младинците мои, како во каца ја изгази Господ девојката, ќерката Јудина. 16#Ер 13,17Заради тоа јас плачам: окото мое, окото мое солзи лие, зашто далеку е од мене утешителот, кој би ја оживеал душата моја; синовите мои пропаднаа, бидејќи непријателот ги надвладеа. 17#1,8Сион ги протега рацете, но за него нема утешител. Господ заповеда непријатели да го опколат Јакова; Ерусалим стана нечистотија меѓу нив. 18Праведен е Господ, зашто не му се покорував на словото Негово. Чујте, сите народи, и погледнете ја мојата болка; момите мои и момчињата мои отидоа во ропство. 19#1,2; Ер 30,14; 1,11Ги повикувам пријателите свои, но тие ме измамија; свештениците мои и старешините мои умираат во градот, барајќи храна за да ја поткрепат душата своја. 20#2,11; Ер 4,19; 5 Мојс 32,25; Ер 9,20Погледај, Господи, во каква мака сум, утробата моја трепери, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ми ги покоси децата, а дома – смрт. 21#Амос 5,18Слушаат како офкам, а утешител немам; за мојата неволја чуја сите мои непријатели и се зарадуваа, бидејќи Ти го направи тоа; о, да беше му заповедал на претскажаниот ден да дојде, па и тие да станат како мене! 22#Ер 51,35Нека се појави пред Тебе сета злоба нивна; и постапи со нив како што постапи со мене за сите мои гревови, зашто тешки се офкањата мои, и срцето мое е натажено.
Селектирано:
Плачот 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006