Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 6:21-25

Исус Навин 6:21-25 MK2006

И фрли во проклетство Исус сѐ што беше во градот, – мажите и жените, младите и старите, овците и магарињата; сѐ се истреби со меч. А на двете момчиња што ја извидуваа тајно земјата, Исус им рече: „Вле­зете во домот на жената блудница и изведете ја оттаму неа и сите што се кај неа, бидејќи вие ѝ се заколнавте.“ Тогаш влегоа момчињата, што го разгледуваа градот во домот на жената и ја изведоа блудницата Раав и таткото нејзин, мајката нејзина, браќата нејзини и сите нејзини роднини и сите што беа кај неа, ги изведоа и ги ставија надвор од логорот на Израел. А градот и сѐ што беше во него, го изгореа со оган; само среброто и златото, бакарот и железото ги предадоа за да се внесат во ризницата Господова. Блудницата, пак, Раав и целото семејство на нејзиниот татко, Исус ги остави живи, и таа живее меѓу синовите Израелови до денес, зашто ги сокри извидниците што ги испрати Исус за да го разгледаат Ерихон.