Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 5:1-9

Исус Навин 5:1-9 MK2006

Кога аморејските цареви, што живееја од онаа страна на Јордан кон запад, и хананејските цареви, што се крај морето, чуја дека Господ ги ису­шил водите на Јордан пред синовите Израелови, додека тие преминувале, им се запреа мислите, и душа веќе не остана во нив поради синовите Изра­елови. Во тоа време Господ му рече на Исус: „Направи си ножеви од остар ка­мен и обрезај ја новата генерација на Израел!“ Тогаш Исус направи остри ножеви од камен, и ги обреза синовите Изра­елови во местото наречено Гиват Аралот. И така ги обреза Исус, зашто сиот народ од машки пол што беше излегол од Египет, сите способни за војна изумреа во пустината по патот, откако беа излегле од Египет; и така сите излезени беа обрезани, а сите, што се родија во пустината по патот, по излегувањето од Египет, не беа обрезани; зашто синовите Израелови чети­риесет години лутаа по пустината; додека изумреа сите способни за војна, што беа излегле од Египет. Тие што не го послушаа гласот Господов и на кои Господ им се заколна дека нема да ја видат земјата, што Господ со заклетва беше им ја ветил на татковците нивни, односно дека нам ќе ни ја даде земјата, каде што тече мед и млеко, а наместо нив ги подигна нивните синови. Нив ги обреза Исус, зашто тие не беа обрезани; бидејќи беа родени во текот на патувањето. Сиот народ, откако беше обрезан, си остана на местото во логорот, додека не оздрави. Тогаш Господ му рече на Исус: „Сега Јас го симнав од вас египетскиот срам!“ И тоа место се нарекува дури и до ден-денес „Гилгал“.