Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 3:1-6

Исус Навин 3:1-6 MK2006

Тогаш Исус стана рано утредента, и тргна од Ситим и дојде до Јордан, тој и сите синови Израелови, и ноќеваа таму пред да го преминат. По три дена тргнаа управителите низ логорот, и им заповедаа на луѓето, велејќи: „Кога ќе го видите ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог, и свештеници, левити, како го носат, тргнете и вие од вашето место и одете по нив. Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него; така ќе го знаете патот, по кој ќе одите, зашто вие не сте оделе по тој пат никогаш порано.“ И му рече Исус на народот: „Ос­ветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“ На свештениците, пак, им рече Исус: „Земете го ковчегот на заветот и одете пред народот.“ Свештениците го зедоа ковчегот на заветот и тргнаа пред народот.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност