Исус Навин 3
3
Преминувањето на Јордан
1Тогаш Исус стана рано утредента, и тргна од Ситим и дојде до Јордан, тој и сите синови Израелови, и ноќеваа таму пред да го преминат. 2#1,11По три дена тргнаа управителите низ логорот, 3#4 Мојс 10,33; 5 Мојс 31,9и им заповедаа на луѓето, велејќи: „Кога ќе го видите ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог, и свештеници, левити, како го носат, тргнете и вие од вашето место и одете по нив. 4Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него; така ќе го знаете патот, по кој ќе одите, зашто вие не сте оделе по тој пат никогаш порано.“ 5#7,13; 2 Мојс 19,10.15; 3 Мојс 11,44; Суд 6,13; Ер 10,10; 23,36; Пс 42,2; 84,3; Дан 6,27; Мт 16,16И му рече Исус на народот: „Осветете се, бидејќи утре Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“ 6На свештениците, пак, им рече Исус: „Земете го ковчегот на заветот и одете пред народот.“ Свештениците го зедоа ковчегот на заветот и тргнаа пред народот. 7Тогаш Господ му кажа на Исус: „Од денес ќе почнам да те возвишувам пред очите на сите синови Израелови, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе. 8А сега заповедај им на свештениците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: ‚штом ќе влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан.‘“ 9Исус им кажа на синовите Израелови: „Дојдете ваму и чујте ги зборовите на Господ, вашиот Бог!“ 10#2 Мојс 34,9; 5 Мојс 7,1Уште им рече Исус: „Од тоа ќе дознаете дека меѓу вас е живиот Бог, Кој ќе ги изгони од вас Хананците и Хитијците, Евејците и Перизијците, Гергесејците, Аморејците и Јевусијците; 11ете, ковчегот на заветот на Господарот над целиот свет ќе тргне пред вас преку Јордан; 12#4,2.4и земете си дванаесетмина луѓе од синовите Израелови, по еден човек од секое племе; 13#2 Мојс 14,22; Ис 11,15и штом нозете на свештениците, кои го носат ковчегот на Господарот над целиот свет, ќе стапнат во водите на Јордан, водата јорданска ќе се прекине, а водата што тече одозгора, ќе запре.“ 14И така, кога народот тргна од шаторите свои за да го мине Јордан, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот пред народот, 15#Пс 114,3; 1 Лет 12,16тогаш, штом оние, што го носеа ковчегот влегоа во Јордан, и нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот, се наквасија во водите на Јордан; а беше време кога Јордан, во текот на целиот период на жетвата на пченицата се излева од своите брегови, 16#2 Мојс 14,21-22водата, што течеше одозгора, запре и се претвори во карпа оддалечена на многу големо растојание, кај градот Адам, кој се наоѓа во пределот Царетан; а водата што течеше надолу, истечуваше кон Арабиското, односно Соленото Море, сѐ додека не истече докрај. 17#4,3А народот премина спрема Ерихон. А, свештениците што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан. И сите синови Израелови преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.
Селектирано:
Исус Навин 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006