Исус Навин 24
24
Израел одлучува да Му служи на Бога
1Тогаш Исус ги собра сите племиња Израелови во Сихем и ги свика старешините на Израел и кнезовите негови, судиите негови и управителите негови, и тие се претставија пред Бога. 2И му рече Исус на целиот народ: „Вака вели Господ, Бог на Израел: вашите татковци, Тара, таткото Авраамов и таткото Нахоров, во старо време живееја од онаа страна на Реката#24,2 Еуфрат и им служеа на други богови. 3#1 Мојс 12,1-6Но јас го зедов таткото ваш Авраам од онаа страна на Реката, го водев до земјата хананска, му го умножив семето негово и му го дадов Исак. 4#1 Мојс 19–26На Исак му ги дадов Јаков и Исав. На Исав му ја дадов во наследство гората Сеир; а Јаков и синовите негови влегоа во Египет. 5#2 Мојс 3,10; 4,14-16; 7,14–12,36; 17,1-13; Пс 105,26Тогаш ги испратив Мојсеј и Арон и го совладаа Египет со она што го извршив таму, а потоа ве изведов. 6Ги изведов татковците ваши од Египет, и вие дојдовте кај Црвеното Море. Тогаш Египќаните се спуштија по татковците ваши со коли и коњаници до Црвеното Море; 7но тие повикаа кон Господ, и Тој спушти густа магла меѓу нас и Египќаните и го наведе на нив морето, кое и ги покри. Очите ваши видоа што направи Господ во египетската земја и вие останавте во пустината многу денови. 8#4 Мојс 21,21-35; 5 Мојс 2,26–3,11И ве воведе во земјата на Аморејците, кои живееја од онаа страна на Јордан; тие станаа против вас, но Господ ги предаде во ваши раце, и вие ја добивте како наследство земјата нивна и ги истребивте од пред лицето ваше. 9#4 Мојс 22–24Се крена Валак, синот на Ципор, моавскиот цар, и отиде со војска против Израел, и испрати да го повикаат Беоровиот син Валаам, за да ве фрли во проклетство; 10но Господ не сакаше да го послуша Валаам, – тој ве благослови, и јас ве избавив од рацете негови. 11Вие го преминавте Јордан и дојдовте во Ерихон. И почнаа да војуваат против вас жителите на Ерихон: Аморејците и Перизијците, Хананците и Хитијците, Гергесејците, Евејците и Јевусијците, но Господ ги предаде во вашите раце. 12И испрати пред вас стршели, кои ги изгонија од пред вас двајцата аморејски цареви; без твојот меч и без твојот лак. 13#5 Мојс 30,15-20; Пс 44,3-7; Неем 9,25И ви даде земја, за која вие не сте се труделе, и градови што не сте ги граделе, и вие живеете во нив; и лозја и маслини, кои не сте ги саделе, а јадете плодови. 14#5 Мојс 10,12; 18,13И така, имајте страхопочит кон Господ и служете Му со чистота и искреност; и отфрлете ги боговите на кои им служеа предците ваши од онаа страна на Реката и во Египет, и служете Му на Господ. 15Ако, пак, не ви е мило да Му служите на Господ, одберете си сега, кому да му служите: на боговите ли, на кои им служеа предците ваши, кога беа од онаа страна на Реката, или на боговите на Аморејците, во чија земја живеете, а, пак, јас и домот мој ќе Му служиме на Господ.“ 16#22,29Одговори народот и рече: „Не, тоа никако! Нема да Го оставиме Господа и нема да им служиме на други богови! 17Зашто Господ е наш Бог; Тој нѐ изведе нас и таковците наши од египетската земја, од домот на ропството, и правеше пред очите наши големи чуда и нѐ чуваше по целиот пат, по кој одевме, и меѓу сите народи, низ кои минувавме. 18Господ ги изгони откај нас сите народи и Аморејците, што живееја во оваа земја. Затоа и ние ќе Му служиме на Господ, бидејќи Тој е наш Бог.“ 19#3 Мојс 11,44; 19,2; 20,26; Ис 6,3Исус му рече на народот: „Не ќе може да Му служите на Господ, зашто Тој е свет Бог, Бог ревнител; Тој нема да го истрпи беззаконието ваше и гревовите ваши. 20Ако Го оставите Бога и им служите на туѓи богови, Тој ќе испрати на вас зло и ќе ве истреби, место да ви направи добро.“ 21И народот му одговори на Исус: „Не, ние ќе Му служиме на Господ.“ 22Исус му рече на народот: „Сведоци ли сте вие за себе дека Го избравте Господа да Му служите?“ Тие одговорија: „Сведоци сме.“ 23#Суд 10,16„А сега, отфрлете ги туѓите богови што се меѓу вас и свртете го срцето свое кон Господ, Израеловиот Бог.“ 24Народот му рече на Исус: „На Господа, нашиот Бог, ќе Му служиме и гласот Негов ќе го слушаме.“ 25И тој ден Исус направи со народот завет и му даде наредби и закони во Сихем пред скинијата на Господ, Бог Израелов. 26#5 Мојс 29,11-12; Неем 10,11И ги запиша Исус тие зборови во книгата на законот Божји, па зеде голем камен и го постави таму под дабот, што е пред светилиштето Господово. 27#1 Мојс 31,48.52; 5 Мојс 31,26И му кажа Исус на целиот народ: „Ете, овој камен ќе ни биде сведок, бидејќи тој ги слушна сите зборови на Господ што Тој ви ги кажа денес; тој нека биде сведок против вас, ако некогаш лажете пред Господ, Вашиот Бог.“ 28#Суд 2,6И потоа Исус го испрати народот, секој во местото свое.
Смртта на Исус
29И по сето тоа умре Исус, синот Навинов, слугата Господов, на сто и десет години. 30И го погребаа во пределите на делот негов во Тимнат-Серах, во Ефремовата Гора, на север од планината Гааш. 31И Му служеше Израел на Господ во сите денови Исусови, и во сите денови на старешините, кои го поминаа времето со Исус и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израел. 32#1 Мојс 47,29-30; 50,24-25; 2 Мојс 13,19; Јн 4,5; Дела 7,16И коските на Јосиф, кои Израеловите синови ги изнесоа од Египет, ги погребаа во Сихем, во оној дел на полето, што Јаков го беше купил од синовите аморејски, кои живееја во Сихем, за сто сребреници и му ги даде како дел на Јосиф. 33Потоа умре и Ароновиот син Елеазар, и го погребаа на ридот Финес, кој му беше даден на Ефремовата Гора.
Селектирано:
Исус Навин 24: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006