Исус Навин 19
19
Пределите на Симеон
1 #
1 Мојс 49,5-7; 1 Лет; 4,28-33 Втората ждрепка падна за Симеон, за племето на Симеоновите синови, според родовите нивни; и наследството нивно беше меѓу делот на Јудините синови. 2Во делот нивни беа: Вирсавија, Сева и Молада, 3Хацар-Шуал, Бала и Ецем, 4Елтолад, Бетул и Хорма, 5Циклаг, Бет-Маркавот и Хацар-Суса, 6Бет-Леваот и Шарухен: тринаесет градови со селата нивни; 7Ен-Римон, Етер и Ашан: четири града со селата нивни, 8и сите предградија околу тие градови дури до Ваалат-Беер и Рамат-Негев. Тоа е делот на племето на Симеоновите синови, според родовите нивни. 9#Ез 48,24Од делот на Јудините синови се оддели наследство за племето на Симеоновите синови; бидејќи делот на Јудините синови беше многу голем за нив, затоа Симеоновите синови добија наследство меѓу нивниот дел.
Пределите на Завулон
10 #
1 Мојс 49,13; 5 Мојс 33,18-19; Суд 1,30 Третиот дел им се падна на Завулоновите синови, според родовите нивни и границата на нивниот дел се простираше до Сарид; 11границата нивна излегува кон морето и Марала и допира до Дабешет и потокот, што е пред Јокнеам; 12од Сарид оди назад кон исток, каде што изгрева сонцето до границата на Кислот-Тавор; оттука продолжува кон Даверат и излегува кај Јафија; 13оттаму минува на исток кон Гат-Хефер и Ет-Кацин, и оди кон Римон, свртувајќи кон Неа; 14од север границата свртува кон Ханатон и завршува во долината на Јифта-Ел; 15понатаму таа ги опфаќа: Катат, Нахалал, Шимрон, Јидала и Витлеем: дванаесет градови со селата нивни. 16#Ез 48,26Тоа е наследството на Завулоновите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.
Пределот на Исахар
17 #
1 Мојс 49,14-15; 5 Мојс 33,18-19 Четвртата ждрепка падна на Исахар, за Исахаровите синови, според родовите нивни; 18нивната граница беше: Јизреел, Кесулот и Сунем, 19Хафараим, Шион, Анахарат, 20Рабит, Кишјон и Евец, 21Ремет, Ен-Ганим, Ен-Хада и Бет-Пацец; 22границата допира до Тавор, Шахацима и Ветсамис и завршува кај Јордан: шеснаесет градови со селата нивни. 23Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.
Пределот на Асир
24 #
1 Мојс 49,20; 5 Мојс 33,24-25; Суд 1,31-32 Петтата ждрепка падна за племето на Асировите синови, според родовите нивни; 25нивна граница беа: Хелкат, Хали, Бетен и Ахшаф, 26Аламелех, Амад и Мишал; границата се ближи до Кармил откај запад и до Шихор-Ливнат. 27Потоа оди назад на исток кон Бет-Дагон, допира до територијата на Завулон и до долината Јифта-Ел, потоа оди на север кон Бет-Емек и Неиел и продолжува кон Кавул, 28Авдон, Рехов, Хамон и Кана, сѐ до големиот Сидон; 29потоа границата се враќа кон пределот на Рама до утврдениот град Тир, свртува кон пределот Хоса и завршува кај морето, во гратчето Ахзив; 30понатаму ги опфаќа: Ако, Афек и Рехов: дваесет и два града со селата нивни. 31#Ез 48,2Тоа е делот на племето на Асировите синови, според родовите нивни – градовите со селата нивни.
Пределот на Нефталим
32 #
1 Мојс 49,21; 5 Мојс 33,23; Суд 1,33 Шестата ждрепка се фрли за Нефталим, за синовите Нефталимови, според родовите нивни. 33Границата нивна оди од Хелеф од дабовата гора во Цаананим кон Адами-Некев и Јавнел, дури до Лакум и завршува кај Јордан; 34оттука границата свртува на запад кон Азнот-Тавор и оттаму оди кон Хукок, и допира до Завулон од југ, допира и до Асир, од запад, и до Јуда кај Јордан, откај источната страна. 35Утврдени градови беа: Цидим, Цер, Хамат, Ракат и Кинерет, 36Адама, Рама и Асор, 37Кедес, Едреи и Ен-Асор, 38Јирон, Мигдал-Ел, Хорем, Бет-Анат и Ветсамис: деветнаесет градови со селата нивни. 39#Ез 48,3Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.
Пределот на Дан
40 #
1 Мојс 49,16-17; 5 Мојс 33,22 За племето на Дановите синови, според родовите нивни, се фрли седмата ждрепка. 41Границите на нивниот дел беа: Цора, Ештаол и Ир-Шемеш 42и градовите: Шаалабин, Ајалон и Јитла, 43Елон, Тимната, Екрон, 44Елтеке, Гибетон и Ваалат, 45Јехуд, Бене-Берак и Гат-Римон, 46Ме-Јаркон и Ракон, со областа околу Јафа. 47#Суд 1,34; 18,7-16.27; 18,29Но делот на Дановите синови беше мал за нив и тие кренаа војска против Лешем, го презедоа и сите ги убија со сечилото на мечот, го завладеаја градот и се населија во него, и Лешем го нарекоа Дан, според името на предокот свој Дан. 48Тоа е наследството на племето на Дановите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни. 49#24,30; Суд 2,9Откако заврши делбата на земјата, според границите нејзини, синовите Израелови му дадоа меѓу нив наследство и на Исус, синот Навинов: 50по заповед на Господ му го дадоа градот што го побара: Тимнат-Серах, на Ефремовата Гора; и тој го обнови градот и се всели во него. 51Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар, Исус, синот Навинов, и родоначалниците на племињата им ги разделија на синовите Израелови, со ждрепка, во Силом, пред Господ, пред влезот во скинијата на собранието. И завршија со поделбата на земјата.
Селектирано:
Исус Навин 19: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006