Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус Навин 18:1-10

Исус Навин 18:1-10 MK2006

И целата заедница на Израеловите синови се собраа во Силом, ја поставија таму скинијата на собранието, бидејќи земјата беше покорена од нив. А од синовите Израелови останаа уште седум племиња, кои не беа добиле свое наследство. И им рече Исус на синовите Изра­елови: „До кога ќе се колебате да одите да ја завладеете земјата, што ви ја даде Господ, Бог на вашите татковци? Изберете си меѓу себе по тројца луѓе од секое племе и јас ќе ги пратам, и тие ќе станат, ќе ја обиколат земјата и ќе ја опишат, според тоа како ќе треба да им се раздели на делови, и ќе дојдат кај мене. И нека ја разделат на седум делови: Јуда нека го задржи пределот свој на југ, а синовите Јосифови да останат во пределите свои на север. А вие разделете ја земјата на седум делови и донесете ми го предлогот овде. Јас ќе ви фрлам ждрепка пред Господ, нашиот Бог. А за левитите нема дел меѓу вас, бидејќи свештенството Господово е нивни дел; Гад, пак, и Рувим и едната половина од племето на Манасија добија наследство од онаа страна на Јордан, на исток, што им го даде Мојсеј, слугата Господов.“ Тие луѓе станаа и отидоа. А на луѓето, кои отидоа за да ја опишат земјата, Исус им даде заповед: „Одете, обиколете ја земјата, обележете ја и вратете се кај мене; јас, пак, овде ќе ви фрлам ждрепка пред Господ, во Силом.“ Тие луѓе отидоа, ја обиколија земјата, ја разгледаа и ја обележија, според градовите нејзини, на седум делови, па дојдоа кај Исус во логорот, во Силом. Исус им фрли ждрепка во Силом пред Господ, и ја раздели таму Исус зем­јата меѓу синовите Израелови, според тоа како што се делеа.