Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јоил 1

1
Знаци на денот Господов: скакулци по земјата
1Слово Господово упатено до Јоил, синот Петуелов. 2#Пс 49,1Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во дено­вите на вашите татковци? 3#Пс 78,6Раскажувајте за него на децата ваши; а децата ваши нека им раскажу­ваат на нивните деца, и нивните деца – на следниот род; 4#5 Мојс 28,38.42; 1 Цар 8,37; Амос 4,9; 7,1; Мал 3,11; Пс; 105,34-35сѐ што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од ска­кулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бумбарите. 5#5 Мојс 28,39; Ис 5,11; 32,10Разбудете се пијаници, плачете и ри­дајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша. 6#2,2; Ер 46,23; Откр 9,8Зашто против земјата моја дојде на­род силен и безброен; забите му се како заби на лав, а челустите како челуст на лавица. 7#Ис 5,1; Мих 4,4; Наум 2,3; Пс 80,8Тој ми ја опустоши лозата, и смоквата ми ја откорна, ја излупи до голо и ја фрли; гранките ѝ побелеа. 8#Ер 3,4; Амос 8,10; Јона 3,6.8Плачи како што плаче девица, опашана со вреќиште, за свршеникот од својата младост. 9#2,17Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господов; пла­чат и свештениците, служителите Гос­подови. 10#Ер 4,28; Ос 4,3Опустошено е полето, тагува земјата, зашто е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, пресуши маслиновото масло. 11Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јач­менот, зашто пропадна жетвата по ни­вите, 12#Ис 16,10; 24,7; Ер 25,10; 48,33; Амос 4,7-9лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата – сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата меѓу луѓето исчезна.
Вратете се кај Господ
13 # 1,8; 2,17 Препашете се со вреќиште, свеште­ници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, слу­жители на мојот Бог, во вреќиште, заш­то во домот на вашиот Бог нема веќе лебен принос и прелив. 14#2,15-16Наредете свет пост, објавете свечен собир, повикајте ги старешините и сите жители од тој крај во домот на Господ, вашиот Бог – викајте кон Господ. 15#Ис 13,6; Ез 30,2-3; Соф; 1,7.14-15Страшен ден! Зашто денот Госпо­дов е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот. 16#Ер 48,33; Пс 14,7Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог – ве­селбата и радоста? 17Изгниени се зрната под сувите грутки, запустени се житниците, урна­ти се амбарите, зашто нема веќе жито. 18#Ос 4,3; Јона 3,7Ете, стенка добитокот, скитаат стадата волови, зашто нема за нив пасиш­те; се измачуваат и стадата овци. 19#1,14Кон Тебе, Господи, викам, зашто оган ги проголта пасиштата во пустината, и пламен ги подгори дрвјата во полето. 20#Пс 42,1; 104,21Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по пото­ците, и оган ги изгоре пасиштата во пустината.

Селектирано:

Јоил 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се