Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 9

9
Одговор на Јов: Бог е премногу силен за мене
1На тоа одговори Јов и рече: 2#4,17; 25,4„Навистина знам дека е тоа така; но како ќе се оправда човек пред Бога? 3#13,18Ако сака да влезе во спор со Него, нема да Му одговори ни на едно од илјада. 4Тој е мудар по срце и моќен по сила; кој станувал против Него и останувал во спокојство? 5#4,15; Ис 13,10.13; Јоил 2,10Тој ги преместува планините, а тие тоа не го знаат: ги превртува во гневот Свој; 6ја поместува Земјата од местото нејзино, и столбовите ѝ треперат; 7#Пс 19,4-6ќе му каже на сонцето, – и тоа не изгрева, и ѕвездите небески, под клуч ги става. 8#Ис 40,22; 42,5; Пс 104,2Тој Сам ги распнува небесата и оди по морските бранови; 9#38,31-32; Амос 5,8Тој ги создал Големата Мечка, Орион и Плејадите и ѕвездите на јужното небо; 10врши големи дела, неиспитливи и чудесни, и безбројни се Неговите чуда. 11#23,8-9Ете, Тој оди пред мене, и јас не можам да Го видам; Тој минува, а јас не Го забележувам. 12Ако земе нешто, кој ќе Му забрани? Кој смее да Му рече: што правиш? 13#Пс 87,4; 89,11Бог нема да го сопре гневот Свој; пред Него ќе паднат поклониците на гордоста. 14#9,32; 13,13; 23,1-7Како тогаш јас да Му одговорам, какви зборови против Него да изустам!? 15Дури и да сум прав, нема да приговарам, туку Судијата мој за милост ќе Го молам. 16#Рим 9,20-21И кога на гласот мој би се одзвал, немаше да поверувам дека ги чул зборовите мои Оној, 17Кој во виор ме поразува и без вина ги умножува раните мои; 18#7,19; 10,20; 14,6не ми дава да здивнам, а со горчила ме исполнува. 19Ако станува збор за сила, Тој е најсилниот; кој ќе се спротивстави на Неговиот суд? 20Ако почнам да се оправдувам, самата уста ќе ме обвини; ако сум невин, Тој ќе ме прогласи за виновен. 21А дали сум невин, и јас самиот веќе не знам, животот свој го презирам. 22#Проп 9,2-3Сеедно е; затоа реков дека Тој го погубува и невиниот, и виновниот; 23кога несреќата доаѓа одненадеж и убива невини, со невиноста на чесните Тој се подбива. 24#Проп 7,15Земјата е препуштена во рацете на нечестивите. Тој им ги покрива очите на нејзините судии. Ако Тој не е, тогаш кој е? 25#7,6Деновите мои се побрзи од гласник, далеку бегаат, за нив добро нема; 26поминуваат како чамци од трска, како орел што се спушта врз плен. 27#14,6Ако речам: ‚Ќе ги заборавам тагите свои, ќе го отстранам својот мрачен изглед и ќе закрепнам,‘ 28#10,15-16од сите мои маки ужас ме опфаќа, зашто знам дека нема да ме оправдаш. 29Ако сум, пак, виновен, зошто тогаш залудо се измачувам? 30#Ис 1,18; Ер 2,22; Пс 51,8Да се измиев со снежна вода и сосема да ги исчистев рацете свои, 31и тогаш Ти в тиња ќе ме турнеше, па ќе се згнасат од мене и алиштата мои. 32#Проп 6,10Зашто Тој не е човек, како што сум јас, та да можам да Му одговорам и да отидам со Него на суд! 33Меѓу нас нема посредник што би ја ставил раката своја врз двајцата. 34#13,21Нека го тргне Тој од мене жезолот Свој, и стравот Негов да не ме за­страшува, 35#13,3; 23,4тогаш би зборувал без да се плашам од Него, но тоа не е така, зашто јас сум самиот со себе.“

Селектирано:

Јов 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се