Јов 5
5
1 #
Зах 14,5; Дан 4,14 „Ајде викај! Има ли кој да ти одговори? На кого од светиите мислиш да му се обратиш? 2Вистина, гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот. 3Видов како глупавиот се закоренува, но веднаш проклетството на домот негов падна. 4#29,7; Зах 8,16; Пс 127,5Децата негови се далеку од спасение, нив ќе ги бијат кај портите; зашто ќе нема кој да ги заштити. 5Жетвата негова ќе ја изедат гладните, низ трњето ќе ја извлечат; алчните ќе го голтнат имотот негов. 6Не, жалоста не излегува од земјата, нити злото изникнува од почвата; 7#1 Мојс 3,17-19човекот се раѓа, за да страда, како и искрите – за да летаат угоре. 8Но јас би се обрнал кон Бога и делото свое пред Бога би го поставил. 9#9,10; Пс 40,5Тој создава дела големи и неиспитливи, чудни и без број, 10ѝ дава дожд на земјата и им испраќа вода на полињата; 11#1 Сам 2,7-8; Ис 57,15; Пс 75,7понизените ги издигнува на високо, и натажените ги утешува и ги спасува. 12Тој го урива она што лукавите го градат, рацете нивни не го довршуваат започнатото. 13#1 Кор 3,19Тој ги фаќа мудрите во стапицата на нивното лукавство, и замислата на итрите се осуетува; 14#Изреки 4,19; Јн 12,35Среде бел ден запаѓаат во темнина; напладне одат со пипање, како ноќе. 15Тој го спасува сиромавиот од меч, а слабиот и од раката на силниот. 16И за слабиот има надеж, и неправдата ја затвора устата своја. 17#5 Мојс 8,5; Изреки 3,11-12; Евр 12,5; Откр 3,19Блажен е човекот кого Бог го опоменува. Затоа не отфрлувај ги поуките на Седржителот, 18#33,19; 36,15; 5 Мојс 32,39; Ос 6,1зашто Тој нанесува рани и Самиот ги преврзува; Тој поразува, и со Свои раце лекува. 19Од шест беди ќе те избави и во седмата зло нема да те стигне. 20#Ер 39,18; Пс 33,19Во време на глад ќе те спаси од смрт, и во војна – од острината на мечот. 21#Пс 12,2-4; 31,21Од камшикот на јазикот ќе се сокриеш, и нема да се уплашиш од опустошувањето кога ќе дојде. 22На опустошувањето и на гладот ќе им се потсмееш, од ѕверовите земни нема да се уплашиш; 23#2 Цар 3,19.25; Ис 5,2зашто си во сојуз со камењата полски, а полските ѕверови се во мир со тебе. 24#Ис 11,6-8; Ез 34,25; Ос 2,20Ќе дознаеш дека куќата ти е во безопасност, ќе си го гледаш живеалиштето и нема да згрешиш. 25#42,16; 5 Мојс 28,4.11; Пс 128,3; 144,12Ќе видиш дека семето ти е многубројно, а челадта твоја е како трева на земјата. 26Ќе легнеш во гроб кога ќе стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја. 27Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро.“
Селектирано:
Јов 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006