И потоа, откако Господ му ги изговори на Јов овие зборови, му рече на Елифаз од Теман: „Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов. Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себе жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Мој Јов.“ И отидоа Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема, и направија како што им заповеда Господ, а Господ го прими застапништвото Јовово. Му ја врати Господ на Јов загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јов двојно повеќе од она што го имаше пред тоа. Тогаш дојдоа кај него сите негови браќа и сите негови сестри и сите негови поранешни познати, па јадеа со него леб во куќата негова и му изјавија сочувство, утешувајќи го за сето зло што Господ го беше допуштил врз него, и секој му даде по една кесита и по еден златен прстен. И ги благослови Бог последните денови на Јов повеќе од претходните: тој имаше четиринаесет илјади дребен добиток, шест илјади камили, илјада чифта волови и илјада магарици. Имаше и седум синови и три ќерки. Првата ја именува Јемима, втората – Кеција, а третата – Керенхапух. По целата земја немаше такви убави жени, како ќерките на Јов; татко им и ним им даде наследство меѓу браќата нивни.
Прочитај Јов 42
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јов 42:7-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа