Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 42:1-8

Јов 42:1-8 MK2006

Му одговори Јов на Господ и рече: „Знам дека Ти сѐ можеш и дека на­мерата Твоја не може да биде неиз­вршена. Кој е тој што го помрачува Прови­дението со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела што не можев да ги знам. Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го. Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гле­даат; затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.“ И потоа, откако Господ му ги изго­вори на Јов овие зборови, му рече на Елифаз од Теман: „Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов. Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себе жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Мој Јов.“