Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 42

42
Јововото покајание
1Му одговори Јов на Господ и рече: 2#Мт 19,26; Лк 1,37„Знам дека Ти сѐ можеш и дека на­мерата Твоја не може да биде неиз­вршена. 3#38,2Кој е тој што го помрачува Прови­дението со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела што не можев да ги знам. 4#36,22; Ис 50,4-5; Пс 90,12Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го. 5#2 Мојс 33,18Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гле­даат; 6#Дан 9,3затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.“
Бог го оправдува Јов
7 # 6,28.30; 13,7-9; 27,4 И потоа, откако Господ му ги изго­вори на Јов овие зборови, му рече на Елифаз од Теман: „Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов. 8#22,30; 4 Мојс 23,1.29; Ез 14,20Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себе жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Мој Јов.“ 9И отидоа Елифаз од Теман, Вилдад од Шуах и Софар од Ноема, и направија како што им заповеда Господ, а Гос­под го прими застапништвото Јовово. 10#8,7; 19,25Му ја врати Господ на Јов загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јов двојно повеќе од она што го имаше пред тоа. 11#5 Мојс 30,3; Пс 90,15Тогаш дојдоа кај него сите негови браќа и сите негови сестри и сите него­ви поранешни познати, па јадеа со него леб во куќата негова и му изјавија сочувство, утешувајќи го за сето зло што Господ го беше допуш­тил врз него, и секој му даде по една кесита и по еден златен прстен. 12#1,2-3; 5 Мојс 8,16И ги благослови Бог последните денови на Јов повеќе од претходните: тој имаше четиринаесет илјади дре­бен добиток, шест илјади камили, ил­јада чифта волови и илјада магарици. 13Имаше и седум синови и три ќерки. 14Првата ја именува Јемима, втората – Кеција, а третата – Керенхапух. 15По целата земја немаше такви уба­ви жени, како ќерките на Јов; татко им и ним им даде наследство меѓу браќата нивни. 16По ова, Јов живееше сто и четирие­сет години и доживеа да види синови и внуци до четвртото колено. 17#5,26; 1 Мојс 25,8Умре Јов стар и сит од животот.

Селектирано:

Јов 42: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност