Јов 41
41
1 #
36,5
Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед? 2#30,21Нема толку силен кој би се осмелил да го обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице? 3#31,35; Пс 24,1Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо сѐ е Мое. 4Нема да премолчам за деловите негови, за силата негова и телесната структура. 5Кој може да ја симне горната облека негова, кој ќе се приближи до двојните челусти негови? 6Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови наоколу се ужас, 7јаките штитови негови – великолепие; тие се зацврстени како со тврд печат; 8еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува меѓу нив; 9еден до друг стојат збиени, слепени се и не се разделуваат. 10Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората: 11#Откр 9,17од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри; 12од ноздрите негови излегува пареа, како од зовриено грне или котел. 13#Пс 18,8Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен. 14Во вратот негов е силата негова, и пред него ужас се шири. 15Месестите делови на телото му се сплотени силно меѓу себе, не мрдаат. 16Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен. 17Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас. 18Кој меч ќе се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни стрела. 19Железото за него е како слама, бакарот – како гнило дрво. 20Удар од стрела нема да го подгони; камењата од праќата во плева се претвораат за него. 21Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од копјето тој се смее. 22Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта. 23#Ез 32,2Тој прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст; 24зад себе остава светла трага; бездната изгледа како бело руно. 25На земјата нема сличен на него: Тој е создаден бестрашен; 26со презир ги гледа и најголемите свои непријатели.
Селектирано:
Јов 41: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006