Јов 23
23
Одговор на Јов: Бог го одбива разговорот со мене
1Одговори Јов и рече: 2#7,11; 10,1„Дури и сега зборот мој е горчлив, страдањата мои се потешки од воздишките мои. 3#9,11; 23,8-9О, да знаев како да Го најдам, да можев да се приближам до престолот Негов! 4#13,18Би го изложил пред Него моето дело и би ја наполнил устата своја со оправдание; 5#14,15ќе ги дознаев зборовите, со кои ќе ми одговори, ќе разберев што ќе ми каже. 6Му треба ли голем напор за да се спори со мене? О, не! Туку само малку внимание ми треба. 7#16,21Тогаш праведникот би можел да се оправда пред Него, – и јас засекогаш би се ослободил од својот Судија. 8Но, ете, јас одам напред – а Него Го нема, назад се враќам – и не Го наоѓам; 9врши ли Тој нешто на левата страна, јас не Го гледам, се крие ли на десната – не Го забележувам. 10#Пс 17,3; 139,1-6; Изреки 17,3Но, Тој го знае патот мој, нека ме испита, – ќе излезам како злато чист. 11#Пс 17,5Ногата моја здраво се држи за патеките Негови; патиштата Негови ги пазев и не се отстранував. 12Од заповедите на устата Негова не отстапував; зборовите на устата Негова ги пазев повеќе отколку моите правила. 13#9,22Но Тој е силен; кој ќе Го отстрани? Тој го прави она што го сака душата Негова. 14Тој ќе го направи она што го наумил за мене, слично на тоа во Него има многу. 15#Пс 119,120Затоа јас треперам пред лицето Негово; кога мислам за тоа – се плашам од Него. 16#16,12Бог ме обесхрабри, Седржителот ме уплаши. 17#17,12Зошто не сум уништен пред оваа темнина? Зошто не го сокри мракот од лицето мое?“
Селектирано:
Јов 23: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006