Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 9:1-38

Јован 9:1-38 MK2006

Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање. Учениците Негови Го прашаа и ре­коа: „Рави, кој згрешил? – тој или роди­телите негови, та се родил слеп?“ Исус им одговори: „Ни тој, ниту ро­дителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи. Додека сум во светот, Јас сум Свет­лина на светот.“ Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, и му рече: „Отиди и измиј се во ба­њата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и питаше?“ Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“ Тогаш го прашаа: „Како ти се от­во­рија очите?“ Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги на­мачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“ Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“ Тогаш го одведоа кај фарисеите чо­векот, кој порано беше слеп. А беше сабота кога направи Исус кал и му ги отвори очите. Го прашаа, пак, исто така и фарисе­ите: „Како прогледа?“ Тој им одговори: „Ми кладе кал на очите, се измив и сега гледам.“ Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Не е од Бога Овој човек, штом не ја уважува саботата.“ Други рекоа: „Како може грешен човек да прави такви чу­да?“ И настана расправија меѓу нив. Пак му рекоа на слепиот: „Ти што велиш за оној што ти ги отвори очите?“ А тој рече: „Пророк е!“ Но Јудејците не поверуваа за него дека бил слеп и прогледал додека не ги повикаа родителите на оној што про­гледа, и ги прашаа: „Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп?“ Родителите негови одговорија и им рекоа: „Знаеме дека е овој наш син и де­ка се роди слеп; но како сега гледа, не знаеме; или, кој му ги отвори очите, не знаеме. Тој е голем; прашајте го него, нека ви каже сам за себе!“ Ова го рекоа неговите родители, би­дејќи се плашеа од Јудејците; зашто Ју­дејците се беа согласиле да биде ис­клу­чен од синагогата секој што ќе Го признае за Христос. Затоа и родителите негови рекоа: „Тој е возрасен, него прашајте го!“ Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Оној Човек е грешен!“ А тој одговори и рече: „Дали е гре­шен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам.“ Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?“ Тој им одговори: „Јас веќе ви реков и не чувте; зошто сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му ста­не­те ученици?“ А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви уче­ници! Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е.“ Одговори човекот и им рече: „Тоа е и за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите! Знаеме дека Бог не слуша греш­ни­ци: но оној што Го почитува Бога и ја исполнува Неговата волја, него го слу­ша. Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. И ако Тој не беше од Бога, не ќе мо­жеше да направи ништо.“ Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нѐ учиш?“ И го избркаа надвор. Исус чу дека го истерале, па го нај­де и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?“ Тој одговори и рече: „А кој е, Гос­поди, па да поверувам во Него?“ Исус му рече: „Си Го видел, токму Оној е кој зборува со тебе!“ А тој рече: „Верувам, Господи!“ И Му се поклони.