Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање. Учениците Негови Го прашаа и рекоа: „Рави, кој згрешил? – тој или родителите негови, та се родил слеп?“ Исус им одговори: „Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи. Додека сум во светот, Јас сум Светлина на светот.“ Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, и му рече: „Отиди и измиј се во бањата Силоам!“, што значи: „Испратен.“ Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и питаше?“ Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“ Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?“ Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“ Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“
Прочитај Јован 9
Слушај Јован 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 9:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа