Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него. Тогаш Исус им говореше на Јудејците, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ Му одговорија и рекоа: „Ние сме семе Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: ‚Ќе бидете слободни?‘“ Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот.
Прочитај Јован 8
Слушај Јован 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 8:30-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа