Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв – вистинска напивка. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене. Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“ Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум. Тогаш мнозина од учениците Негови, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А што ако Го видите Синот Човечки како се вознесува горе, каде што бил порано? Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.
Прочитај Јован 6
Слушај Јован 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 6:54-63
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа