Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:54-63

Јован 6:54-63 MK2006

Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв – вистинска напивка. Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не. Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа ма­на и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе жи­вее довека.“ Ова го кажа Исус во синагогата, ко­га поучуваше во Капернаум. Тогаш мнозина од учениците Не­го­ви, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша!?“ А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува? А што ако Го видите Синот Чо­веч­ки како се вознесува горе, каде што бил порано? Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.